Избегнете ги честите зимски непријатности и одржувајте ја кожата здрава.
ДОДЕКА РАБОТИТЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА
Причина
Централно греење ја суши кожата низ воздухот, па така кожата станува сува, а усните испукани.
Решение
Јадете мрсна риба за да ја поправите од внатре надворешниот дел од кожата, а дома користете овлажнувачи за воздух, за да го надоместите она што сте го изгубиле на работа. Покрај тоа, ако во спалната соба имате 35 % влажност на воздухот, вирусите нема да преживеат, што за 20 % ви ја намалува веројатноста за настинка.
ВЕЖБА ЗА ТЕЛОТО НА ОТВОРЕНО
Причина
Исклучително сувиот воздух предизвикува црвенило и чешање на кожата, што пак може да прерасне во контактен дерматитис, груби, црвени осипи.
Решение
„Обичниот сапун заменете го со средство за миење на лице со гликолна киселина“, ова е совет од д-рМери Гејл Меркурио, професорка по дерматологија на Сеучилиштето Рочестер. Вашето тело мијте го со непарфемиран хидратантен гел за туширање.
ВИ СЕ ЛУПИ КОЖАТА
Причина
Влакната испуштаат премногу маснотии за да се заштитат од ладно, па на тој начин отпаѓаат повеќе лушпи.
Решение
Два пати неделно истријте ја косата со шампон кој содржи цинков пиритон, како на пример Head & Shoulders. Ќе помогне во разградување на лушпите. Нанесете го и оставете да делува пет минути, потоа измијте го.
СЕ НАОЃАТЕ НА СКИИ ИЛИ НА ДАСКИ
Што се случува?
Ладниот воздух поттикнува создавање на розацеа (rozacea), воспалително нарушување за кое се карактеристични видливи, црвени крвни жили, дамки и отоци на лицето.
Решение
Додека сте надвор, покријте го лицето со шал. Ако ви се случи розацеа, консултирајте се со лекар за крема која содржи 15 % азелаична киселина (на пример Скинорен). Најдобро дејствува кога ќе ја искомбинирате со овлажнувачи кои содржат полихидроксикиселини (PHA).
СЕ НАОЃАТЕ ПОД СТРЕС
Причина
Доколку сте под притисок, замор или сезоната на грип ви го ослабнала имунолошкиот систем, може да се создаде херпес.
Решение
„Анти-вирусните лекови како ацикловира ја скратуваат болеста за три дена, доколку се земат веднаш на почетокот, при првото пецкање“, тврди д-р Ребека Тунг од клиниката Кливленд. Почесто мијте ги рацете за да не ви влезе вирусот во очи.