Жен Шен за живот исполнет со енергија и виталност

Коренот од ова растение кое вирее на подрачјето на Кина, Кореја и Сибир помага при лечење на хроничен замор како кај здрави луѓе, така и кај болни кои страдаат од рак и исцрпеност од хемотерапија.

Иако веќе со векови жен шенот се користи како средство за подигнување на енергијата и издржливоста поради својот антистрес ефект, се до оваа студија научниците не го тестирале ваквиот ефект, кој симптом (замор) се јавува во над 90% од пациентите заболени од рак.

Борбата со ракот претставува долготраен процес со постојан стрес чии последици можат да се чувствуваат и десет години после терапијата. Ако некако може да им се помогне на овие пациенти кои се исцрпени од терапијата, стресот и хроничниот замор, тогаш во комбинација доаѓа ова магично растение, кое навистина ќе им ги ублажи маките.