Секоја жена секојдневно користи крема и тоник, а со помош нa специјалните пени или млека ја симнува шминката и ја негува кожата околу очите, а барем еднаш во неделата прави пилинг. И покрај сето ова, жените применуваат разни масажи и третмани на своето лице само за да го сочуваат здравјето и убавината на кожата.
Но прашањето е која жена може да се пофали со иста таква внимателна и темелна нега на интимните делови на телото?
За интимната хигиена ретко се зборува и пишува. Во најдобар случаj, една девојка може да добие совет од мајката со кој лекарите најверојатно не би се сложиле. Гинеколозите, всушност, велат дека постојат одредени правила кои мора да се почитуваат за да се сочува здравјето на половите органи на жената.
Fluor genitalis претставува секретот од матката. Неговата количина и изглед се менуваат во зависност од количината на хормоните, психичките но и физичките фактори.
Нормалниот исцедок од матката на здравата жена има различни функции, а најважна е заштитата на горните делови на гениталниот тракт од инфекции – велат гинеколозите. Со употреба на алкални сапуни и неутрални купки се создаваат услови за развој на бројни патогени бактерии кои предизвикуваат промена на исцедокот.
Правилна нега
При интимната хигиена се препорачува избегнување на алкални сапуни. Со нивната употреба се создаваат услови за развој на бројни патогени бактерии. Денес постојат средства за интимна нега на жените кои со својата киселост (ПХ) создаваат прва одбрана од инфекции на гениталниот тракт.
Како ПХ факторот влијае на здравјето
Причина за многу женски неповолности – воспаление, инфекција, па и полови болести – се кријат во нарушувањето на вагиналната микрофлора. 90% од нормалната микрофлора ја сочинуваат лактобактериите кои ја лачат млечната киселина. Пх вредноста во вагината изнесува 3,3 што значи дека тоа е кисела средина која го спречува продорот на патогените микроорганизми. Доколку таа киселост се нарушии средината станува повеќе базна, бројот на лактобактериите се намалува, па се ослободува простор за продор на други микроорганизми.
Таа кисело-базна рамнотежа најчесто се пореметува кога при миењето на вагината во неа доспева сапуница. Не е страшно ако тоа се случи еднаш, но тие константни базни удари доведуваат до сериозно нарушување на микрофлората и создава услови за развој на инфекции. Првиот симптом е обилен вагинален секрет со карактеристичн непријатен мирис. Значи жените кои користат обичен сапун, дури и колку и да е добар, а згора на тоа се додава и хлорираната вода ја пореметуваат нормалната микрофлора, а тоа не е ни малку наивно.
Хигиената на интимните делови на телото треба да се одржува со специјални препарати, најчесто гелови со одредена киселост кои се купуваат во аптеките или секоја добро снабдена парфимерија. Тоа се препарати со растителни екстракти кои не ја дразнат слузницата и го спречуваат воспаленитео. Важно е сапунот и специјалниот препарат да има ознака Пх 3,8 до 4,5 бидејќи тогаш нема да дојде до промена на бактериолошката средина во вагината. Забранети се внатрешни испирања, освен по препорака на лекарот, бидејќи тогаш се зголемува можноста од инфекции.
Долна облека
Исфрлете ја од орманите синтетичката долна облека, и премногу тесните фармерки бидејќи кожата во нив неможе да дише, па се создава поволна средина за развој на штетни бактерии. Памучните гаќички немаат замена. Исто така имајте на ум дека употребата на дневните влошки не треба да се злоупотребува, бидејќи тие прават топла, влажна, затворена средина, што е одлична подлога за разни инфекции.
Што е причина за инфекција?
Жената веќе после првата менструација е изложена на промени, а посебно после почетокот на сексуалниот живот. Физиолошки, кај секоја менструација доаѓа до пораст на Пх, што е погодно за инфекција. До пораст на Пх доаѓа и при шеќерна болест, инфекции на гениталниот тракт (цервицитис, ендометритис, пиометра), како и при хормонални пореметувања. Бременоста и леунството исто така претставуваат состојби каде жената е исклучително чувствителна на инфекции. Дури и долготрајната примена на антибиотици, испирања и страни тела во матката исто така ја погодуваат инфекцијата. Понекогаш со нерационалната употреба на антибиотици и/или вагиналети може да се уништи нормалната вагинална флора, а со тоа и основата на природната одбрана од инфекција.
Тампоните користете ги привремено
Kако треба да изгледа секојдневната интимна хигиена:
Треба да се миете со топла вода, чисти раце, благ детски или медицински сапун со ниска Пх вредност, задолжително во насока од венериниот брег кон ректумот.
Не треба да се бањате во када или базен за време на менструација.
Секоја жена треба да има свое пешкирче за интимна хигиена кое треба да се менува најмалку два пати во неделата.
Никако не треба да се користи сунѓер или ракавици за миење на интимните делови на телото, поради тоа што со нив може да се нанесат микроскопски повреди на нежната и чувствителна слузница на половите органи.
Млазот на водата и движењата на рацете секогаш треба да бидат насочени од горе кон доле, за микроорганизмите од ректумот да не се пренесат на слузницата на вагината. Немојте да го насочувате силниот млаз на водата директно во вагиналниот отвор за да не го тргнете заштитниот филм кој го спречува продорот на бактериите во вагината.
Со сапун може да се пере само кожата околу вагиналниот отвор.
Влошките мора да се менуваат најмалку 5-6 пати во денот. Доколку користите тампони, имајте во предвид дека тие не треба да опстојуваат во вагината подолго од 2-4 часа. Тампоните не треба да се користат во текот на ноќта.
Во повеќето земји лекарите советуваат дека тампоните треба да се користат само повремено.