Жените кои пијат кафе се помалку депресивни

Жените кои пијат по две или три чаши кафе дневно имаат помал ризик од појава на депресија, се вели во новата студија, бидејќи се смета дека кофеинот од кафето ги менува мозочните супстанци. Ова не е случај со декофеинизираното кафе, во кое е отстранет кофеинот.

Ова откритие е базирано на испитување на околу 50000 американски медицински сестри. Експертите сметаат дека сеуште треба да се работи на оваа теорија, за да се најде конкретната врска помеѓу кафето и депресијата.

Медицинскиот Универзитет Харвард го следел здравјето на жените во период од 1996 до 2006 година, преку прашалници кои им биле давани на испитаниците. Прашањата биле поврзани со консумацијата на кафе и останатите животни навики. Преку 2600 жени развиле депресивни симптоми во текот на ова истражување.

Повеќето од жените не консумирале кафе или го консумирале ретко. Споредено со оние жени кои консумирале по една чаша кафе на ден или помалку неделно, оние кои консумирале по две или три чаши дневно имале 15% намален ризик од развој на депресија. Оние жени пак, кои пиеле по четири или повеќе чаши на ден, го намалиле ризикот дури за 20%.

Истражувачите сметаат дека кофеинот од кафето ја игра клучната улога за ова – тој е добар стимулатор на благосостојба и ја зголемува енергијата кај консументот, блокирајќи го аденозинот во мозокот, а со тоа стимулирајќи го ослободувањето на допамин.