Чајот е идеална зимска напивка која прави чуда за нашето здравје. Британските научници откриле дека еден филџан зелен чај дневно го продолжува животниот век, го намалува ризикот од заболувања, а помага и во топењето на калориите.
Зелениот чај го забрзува метаболизмот и помага во апсорпцијата на мастите. Исто така е добар и за здравјето на забите и коските.
Само еден филџан од овој чај дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања, тумори и болести поврзани со простатата.
И покрај тоа што има позитивно влијание за нашето здравје, зелениот чај не треба да го пијат лицата кои имаат проблем со анемија бидејќи тој ја спречува апсорпцијата на железото од овошјето и зеленчукот.