Здравјето е слатко кога е зачинето со цимет

Цимет, покрај тоа што е многу популарен зачин за слатки и солени јадења, со векови е составен дел на ајурведската медицина.

Со циметот на природен начин можеме да го затоплиме и стимулираме телото. Започнете го денот така што ќе додадете цимет во вашата овесна каша или во првото утринско кафе и веднаш ќе добиете наплив на енергија за целиот ден.
Циметот помага да се стабилизира шеќерот во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулин. Ова може да влијае на губење на тежината, подобрување на расположението, енергијата и го намалува ризикот од дијабетес.

Циметот има силен анти-инфламаторен ефект и докажано е  дека ги ублажува симптомите на болести од артритис до невролошки заболувања како што се Алцхајмеровата болест и мултиплекс склероза .
Во ајурведската медицина циметот се користи за подобрување на варењето и зазбрзување на метаболизмот.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Циметот има антибактериски, антигабични и антипаразитски својства и има позитивни ефекти врз подобрувањето на имунитетот. Тој е одличен борец против многу инфекции . Циметот е познат како лек за подобрување на циркулацијата и протокот на крв со што се подобрува нивото на кислород и превентивно се влијае на канцерогените болести и болестите на срцето и крвните садови.