Здравје од производите на пчелите

Медот претставува најсовршениот производ на природата, во него се наоѓаат скоро сите состојки кои го градат човековиот организам. Нектарот кого пчелите го собираат од цвеќињата е главен извор на глукозата и фруктозата, кои се главните состојки на медот. 

Неверојатните растителни состојки кои се наоѓаат во медот му даваат силен поттик на имунолошкиот систем. Сировиот мед е полн со витамини и има големо количество на минерали кои се од витално значење за зачувување на здравјето, како што се калциум, железо, цинк, калиум,фосфор,магнезиум, бакар, хром, манган и селен. Медот содржи аминокиселини, кои се градбени делови на природата. Исто така, сировиот мед е полн со ензими. Ензимите се неопходни за апсорбција на храната, обнова на телото, здравјето на ќелиите и скоро сите останати биолошки процеси. 

Медот не’ содржи повеќе од 15% вода. Тајната за производство на правиот природен пчеличен мед, пчелите ја носат своето тело и организамот за варење кои тој производ го претвораат во продукт речиси незаменлив во човечката исхрана. 

Прополис

Прополисот е супстанца која настанува со мешање на растителните материи кои ги собираат пчелите со дигестивниот организам и восокот. Пчелите со прополисот го затвораат саќето и ги затвораат пукнатините. На изглед, прополисот е смолеста материја со жолто-зелена до темно црвена боја. Ако се чува подолго, станува темна, а ако е изложено под сонце ја губи еластичноста. Има карактеристично смолест мирис и горчлив вкус, а по структура е густ и хомоген. Прополисот содржи околу 200 состојки, од кои најважни се есенциалните масла, растителните балзами и смола, цвениот прав, витамини, олигоелементи итн. 

Најважни активни сусптанци на прополисот се полифинолните соединенија – флавоноиди (галангин, кверцетин, кепферол, пиноцембрин итн.). Флавоноидите имаат низа корисни фармакотерапевтски дејства од кои најважни се антиоксидациони, антимикробни (делуваат на ќелиите на бактериите, габите и вирусите), антитуморски, хематотерапевтски, антифламаторни и кардиопротективни ефект. 

Благодарејќи на својот состав, прополисот се користи при лечење на различни бактериски, габични и вирусни заболувања. Поради неговите лековити својства се нарекува лек на 21 век. Прополисот се применува кај респираторните проблеми, при инфекции на усната шуплина, во дерматологијата (акни, екцеми, изгореници), кај инфекции на дигестивниот трак, за заштита на ткивото на црниот дроб и за јакнење на имунолошкиот систем. Прополисот наоѓа примена и во козметиката, благодарение на неговото антимикробно дејство и влијание на брзото регенерација на ткивата.