Во лето не поминува ниту еден ден без предупредување дека сонцето може да предизвика животно – загрозувачко оштетување на вашата кожа ако не се превземат заштитни мерки.
Секој ден по различните медиуми се даваат совети како да се заштитиме со креми и масла, колку долго да седиме на сонце и што да носиме за да се заштитиме.
За жал ретко се спомнуваат лошите ефекти на сонцето кои можат да предизвикаат катастрофални последици по видот. Резултатот на тоа е што луѓето сметаат дека ја заштитиле кожата од сонцето и не обрнуваат внимание на своите очи.
Да, може да земете очила за сонце кои добро ќе ви стојат, и ќе изгледате добро но и да признаеме дека очилата лесно губат па затоа зошто да давате стотина евра или повеќе кога може да изгледате добро и со многу помалку?
Секако поентата е во тоа што леќите не ја даваат соодветната заштита за истите UV зраци кои ја оштетуваат кожата.
Трошокот за да се произведат леќите кои ги задоволуваат минимум стандардите за заштита е главен фактор за цената на очилата.
Кога одбирате очила за сонце гледајте да имаат етикета на која пишува UV400 и дека се CEсоодветни, ова значи дека ги поминале безбедносните стандарди и дека се ефективни во редуцирањето на штетните UV зраци.
UV 400 е минимум безбедносен стандард.
Многу е важно да се инвестира во квалитетни очила за сонце со добри UV филтри кои можат да блокираат 99-100% од зрачењето, а ако не го практикувате ова се изложувате на ризик значително да ви се оштети видот.
Постојат два типа на UV зрачење:
- UV-A кои пенетрираат длабоко во окото
- UV-B кои имаат тенденција да ја оштетат корнеата и леќата
Претерана незаштитена изложеност на сонце може да доведе до макуларна дегенерација, која е водечка причина за слепило во целиот свет, катаракта, кожен канцер во ткивото кое го опкружува окото и до раст на ткиво кое може да го блокира видот.
Бојата на леќите е друг важен податок, колку потемни очила одберете толку повеќе заштита ќе добиете. Избегнувајте нијанси на жолто, розево или сино, иако понекогаш се многу тренди и модерни, тие не се способни за целосна заштита на вашите очи и можат да ве збунат кога треба да препознаете некоја боја.
Ако сте доволно среќни да имате добар вид погрижете се да остане тоа така со тоа што ќе реагирате на време.