Засладете со цимет и заштитете се од настинки во зимскиот период

Кога ќе го спомнете овој зачин, сите помислуваат на миризливите колачи, но од циметот може да се прават и компоти, ароматични напивки и чаеви, додека како важна состојка на карито има широка примена во готвењето и тоа пред се во варива од зеленчук, ориз и месо.

Се добива од кората на циметово дрво, а може да го најдете во форма на стапчиња или сомелен. Огромен извор е на антиоксиданси и минерали, што значи дека е вистинска ризница за телото во зимскиот период кога го раздвижува организмот, ја подобрува циркулацијата и ја чисти крвта.

Совет : Многу силната арома можете да ја ублажите со јаболка, со која одлично се комбинира, особено во компоти и колачи.