Белите крвни клетки, или уште познати како леукоцити, помагаат во борбата против разни болести. Ниското ниво на лекукоцити е познато како леукопенија. Според општиот медицински водич, ниско ниво на леукоцити се смета доколку нивниот број е под 3500 клетки на микролитар крв. Постојат неколки можни причини за ниско ниво на леукоцити, вклучително, вирусни инфекции, вродени заболувања, малигни тумори, автоимуни заболувања и употреба на разни лекови.
Постојат неколку видови на храна која имаат директно влијание врз продукцијата и ефективноста на леукоцитите. Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар пред да започнете да употребувате некоја диета како лек за третман на сериозно заболување.
Лук
Лукот ја стимулира продукцијата на белите крвни клетки. Исто така ја зголемува ефективноста на продукцијата на антителата. Според, Д-р Вилијам Сирс, потенцијалните имуни бенефити на лукот најверојатно потекнуваат од неговите сулфурни компоненти. Лукот исто така дејствува како и антиоксидант, отстранувајќи ги слободните радикали од крвотокот.
Овошје и Зеленчук
Конзумирањето на најмалку шест порции на овошје и зеленчук, Ве снабдува со доволна количина на витамин Ц, која овозможува подобрување на имунитетот. Витаминот Ц ја зголемува продукцијата на леукоцитите и антителата како и нивото на интерферон. Овошја со висока содржина на витамин Ц се, папаја, јагоди, авокадо, ананас, а од зеленчукот: зелена пиперка, карфиол, брокули и зелка.
Месо и морска храна
Темното мисиркино месо, бифтекот, школките, и ракчињата содржат високо ниво на цинк. Цинкот не само што го зголемува бројот на белите крвни клетки, туку исто така им овозможува на леукоцитите да се борат многу поагресивно со инфекцијата. Цинкот го зголемува бројот на клетките убијци кои се борат против карциномите и овозможуваат леукоцитите да ослободуваат повеќе антитела. Превземањето на цинкот од соодветната исхрана е многу побезбедно отколку земањето на истиот преку суплементи, со оглед на фактот дека преголема ингестија на цинк преку суплементи може и да го инхибира имуниот систем. Безбедна концентрација на цинк се движи од 15 до 20мг на ден.
Риба
Туната, сомот и крапот се одлични извори на омега 3 масни киселини. Овие масни киселини ја зголемуваат активноста на леукоцитите а исто и нивната потентност да ги ингестираат бактериите навлезени во крвотокот.