Зачинете ја храната со Шафран за подобро расположение

Шафранот е зачин кој најчесто се користи за давање спецофичен вкус на јадењата, како што е оризот или месото но, научниците сепак кажуваат дека тој има и друга функција. Било направено испитување во кое учествувале педесетина жени со ПМС симптоми, и на кои им биле давани по две капсули од шафран дневно, или поточно 15мг. Лекарите ги евидентирале нивните симптоми секојдневно, и забележале дека симптомите се намалиле и тоа драстично како резултат од внес на шафранот. Всушност, шафранот илјадници години се користи во традиционалната медицина, за подигање на расположението. Научното истражување покажало дека влијанието на шафранот врз човековото тело има сличен ефект како и антидепресивите. Шафранот функционира на истиот начин, помага за ослободување на хормонот за среќа, серотонин, во мозокот.