Сексот веднаш по будење не само што ќе ви ја извлече насмевката на лицето, туку е корисен и за здравјето, изгледот и вашата врска
За повеќето луѓе гласниот, иритирачки аларм за будење е најлошиот звук кој може да го слушнат. Зошто тогаш грубото будење не го претворите во еротско задоволство? Бидејќи…научниците секако докажале дека луѓето кои го почнуваат денот со секс, се генерално поздрави и посреќни од останатите. Сексот наутро во вашето тело помага во ослободување на окситоцин, поради кој се чувствуваме посреќни и повеќе поврзани со партнерот. Освен тоа, утринскиот секс може го зајакне имунитетот со подигање на IgA, антитела кои штитат од инфекции, а со достигнување на оргазам ги испушта хемикалиите кои ги зголемуваат нивоата на естроген, кои го подобруваат изгледот на вашата кожа и коса. Сето ова навистина е доволно дури и за најголемите спанковци својот најмил да го грабнат во страствен клинч! А кога е во прашање утринскиот секс, овие совети ќе ви помогнат малку да ја зачините акцијата.
[rpi]
Приредете му секси будење
Наместете го алармот да свири нежна музика и штом се разбудите соблечете ја пиџамата. Потоа испробајте го овој трик. Додека лежи на грбот, ставете ги своите дланки на неговите бутови, со палците насочени меѓу нозете. Масирајте го со палците полека, но со цврсти движења кон нагоре. Според древната акупунктура ова ќе го поттикне крвотокот и ќе ја насочи крвта кон неговиот пенис, а тоа ќе биде навистина удобно будење за него. Кога ќе ве види гола? Добрата забава е загарантирана!