Забранета храна доколку сте доживеале срцев удар!

Каков појадок треба да се избегнува по претрпен срцев удар? Ако сте доживеале срцев удар, прилично големи се шансите да страдате од болест на коронарната артерија. Тогаш најважно за вашето здравје е да консумирате храна која ќе му годи на начинот на работа на срцето.

Појадокот е важен дел од дневната исхрана кај човекот, но многу типови на појадоци содржат масни и други состојки кои што штетно влијаат. Затоа, во појадокот можат да се вметнат многу здрави состојки и со тоа да се олесни работата на вашето срце.

Месни производи

Месните производи полни со масти, како што се колбасите и шунката, треба да се избегнуваат. Сланината, која содржи животинска маст и сол, треба да се консумира ретко, едно парче еднаш до максимум два пати неделно.
За овие горенаведени состојки, замени кои се здрави за јадење се колбасите направени на база на зеленчук, како и пилешки гради подготвени на скара.

Масен леб и тост

Бисквитите имаат висок процент на заситени масти и можат да содржат транс масти – исклучително опасен вид на масти. Крофните и тостовите се исто така лош избор на храна за појадок. Алтернатива за познатиот стандарден тост од бел леб може да биде тост подготвен од парчиња р`жан леб.

Јајца

Додека дозата од едно јајце на ден е прифатлива, консумирање на две или повеќе јајца на ден не е. Ако сте љубител на јајцата и тие се често вашиот избор за појадок, тогаш можете да подготвите омлет со две јајца, но со отстранети белки.

Житарици

Многу житарици на пазарот содржат огромна количина на шеќер и процесирани маснотии. Ваквите типови на житарици треба да се одбегнуваат. Според многу институции, целулозните влакна се важни за здравјето на вашето срце. Всушност, му помагаат на три различни начини – го снижуваат крвниот притисок, го намалуваат процентот на холестерол во крвта и го смируваат воспалението кое ги оштетува срцевите артерии. Овесната каша е перфектна замена за познатите житарици, кои би можеле да бидат исто така дел од вашата исхрана, но само ако не содржат шеќер.

Млечни производи богати со масти

Полномасните млека, јогурти, сирења, маргарин треба да ги исфрлите од вашата диета. Наместо нив, препорачани се нискомаслени млека, јогурти и сирења. Маргаринот треба да го замените со путер кој по можност би содржел маслиново масло. Корисни се и маргарините на кои би пишувало „без масти“ или „намалува холестерол“.

Преливи

Строго се препорачува да се избегнува концентрираниот шеќер, кој најчесто го има во преливите за палачинки и желето. Заменете ги со намази составени од чисто овошје и никакви други состојки.

Редуцирајте го користењето на солта и наместо неа, користете други зачини како лук, црвен пипер и цимет. Кромидот, печурките и пиперчињата исто така можат да бидат користени како додаток во исхраната.