Елегантна фризура за 5 минути

Дали би ни поверувале ако ви кажеме дека за само пет минути можете сами да си направите фризура како создадена за празничен изглед? Погледнете го овој трик со косата и ќе видите дека не се шегуваме.

За фризурата „обратна пунџа“ потребни ви се : гумичка за коса, неколку шноли и лак за коса.

Чекор по чекор :

1. Ако штотуку сте ја измиле косата, напрскајте ја со лак за коса, за да добие на тежина.

2. Косата подигнете ја во коњско репче и ставете и гумичка за коса.

3. Со рацете фатете го репчето и гумичката полека повлечете ја од главата додека не добиете опуштен реп.

4. Во просторот помеѓу гумичката и главата, раздвојте ја косата со прсти, но не до крај, туку додека не добиете ткн. „џеб “ во косата.

5. Коњскиот реп префрлете го преку гумичката и турнете го репот во „џебот“ се додека не биде покриено секое влакно.

6. Добиената пунџа притиснете ја со дланката кон темето и со шнолите прицврстете ги останатите влакна.