Секој покрај себе сакате да имате партнер кој е нежен, внимателен, духовит, полн со љубов и разбирање. И згоден. Многу ли бараме? Свесни сме дека љубовта на нашиот живот може во секој момент да се појави и тоа не прави невнимателни, па затоа стануваме слепи на оние мали работи кои се голем показател дека таа личност не е вистинската за вас.
Дали вашето време е вредно за губење на некоја будала? Ова се знаците по кои ќе сфатите дека личноста со која се гледате не е вистинската за вас, пишува Елит Дејли.
1. Премногу е тешко за вас
Ако се расправате, а ниедна кавга не заврши со секс за смирување, тоа не е личноста за вас.
2. Не ве привлекува сосема
Колку и да се трудите, не престанувате да размислувате за тоа колку неговата брада наликува на скротум.
Тоа нема да се смени, освен ако не посети некој пластичен хирург и вие тоа нема да престанете да го забележувате.
3. Постојано е „многу зафатен“
Ако навистина сака да ве види, ќе најде време.
Ако вие можете да се откажете од некои свои навики за да се видите со него, може и тој.
4. Не им се допаѓа на вашите пријатели
Си говорите дека се само премногу заштитнички настроени и дека немаат претстава каков е кога сте насамо, зарем не?
Верувајте им на пријателите на зборот, тие не го гледаат него како вие, па можат да го видат неговото вистинско лице.
5. Ве посрамотува
Не се срамите затоа што покрај него се чувствувате како заљубена школска девојка, туку поради тоа што на вашата баба и раскажал шега која вклучува смрт на мали деца.
Ако не сакате секој пат пред да отвори уста да не каже нешто глупаво, тргнете се од него што поскоро.
6. Не ги дели вашите вредности
Престанете да поминувате преку фактот дека е „малку расистички настроен“.
7. Сексот е (се уште) лош
Многу луѓе мислат дека ова не е многу важно, но ако немате секс со партнерот, тогаш тој ви е пријател, а не партнер.
Секако, можете да му дадете уште некоја можност и да се потрудите сексот да биде подобар, но ако не си одговарате, не се залажувајте.
8. Од една страна, можеби му е малку незгодно затоа што е голем обожавател на „Трансформери“ или „Нинџа желки“.
Од друга страна, можеби не сака да ги видите другите девојки со кои се гледа.
9. Сте дознале СЕ за неа на првиот состанок
Имате работа со пијавица која ќе ви ја исцица енергијата од вас.
На вториот состанок веројатно ќе ви ги прераскаже истите приказни.
[rpi]
10. Лицето е лудо како „купус“.
Сите ние имаме свои „мушички“, но кога лицето ќе ви предложи да мокрите на неа во сред спална соба, би требало да и покажете каде е излезот.
11. Не зборувате со ист јазик
Во ред, вие се разбирате на „јазикот на љубовта“, но важно е да комуницирате инаку би станало многу чудно за многу кратко време.
12. Зол / зла е кон вас
Зборот кој го барате е „збогум“.
13. Мисли дека е навистина супер, а вие знаете дека не е.
Тој мисли дека е фраер, а вие стискате со забите и вртите со очите на неговите „финти“.
Зарем не би биле попрво со некој кој вие е навистина интересен?
14. Кога би морале да кажете искрено, всушност сте пријател со повластувања
Ако сакате сериозна врска, првин вие станете сериозен.
15. Мислите дека можете да го смените
Кога би ја трошеле истата енергија која ја вложувате да ги промените луѓето, во барање на личност која ви одговара, веќе би биле омажени.
Никој не може да се смени, ниту некој сака.
16. Не одговара на пораки
Знаете што значи кога некој не одговара на вашите пораки, или воопшто не ви одговара…Не е баш загреан/а за вас.
17. Без пари е
Единствена причина зошто оваа личност излегува со вас е поради бесплатната храна и пијалаци. Воочливо е дека ве искористува и тргнете се од неа. Не сте „Каритас“.
18. Една личност е повеќе заљубена од другата
А таа личност сте вие. Ловот на потенцијалниот љубовник од почеток ви се чини како забавен, но веројатно ќе останете со скршено срце.
Ако тој ве „брка“ вас, а тој баш и не ви се допаѓа, и тоа многу бргу ќе се претвори од забавно во напорно.
19. Потсвеста ви вели „не“.
Послушајте ја.