Треба да знете се што знаете – Супер е ако имате диплома но немојте, како што многумина прават, да го истакнувате факултетот кој сте го завршиле туку тоа што знаете да го направите со своето знаење.
Бидете трпеливи – Немојте никогаш да идете по полесниот пат, сите ги сакаат луѓе кои се способни за предизвици. Ласко вели дека е многу подобро да имате помала оценка на завршетокот на студиите за компјутерски науки, отколку поголема оцена на студиите за англиски јазик.
Бидете запознаени со основата – Првата работа која човековите ресурси во компанијата Гугл ја тестираат е основата на конгинитивните способности за учење и решавање на новите проблеми. Доколку сте способни за учење нови работи и лесно ги совладувате, не морате да се правите дека во се се разбирате.
Креативноста е во ред, но не е доволна – Луѓето се по природа креативни, но доколку не ги споите креативното и логичното сигурно нема да се издвојувате од другите. Морате да ја разбирате економијата и психологијата или статистиката и физиката и да ги споите заедно.
Трик за ‘’убиствено’’ CV – Големиот број на луѓе ќе напишат ‘’Пишував статии за Њујорк Тајмс’’. Подобро е да напишете ‘’Во претходните три години напишав 50 статии во споредба со просечните 20 кои ги пишуваат останатите новинари, што е резултат на моето интересирање за одредената тема’’.
Кажете го тоа што го мислите – Финалниот трик на интервјуто за разговорот е вашите мисли да бидат кристално јасни така што ќе ги изговорите. Поголемит број на луѓе не го кажуваат тоа што го мислат, бидејки сметаат дека со тоа ќе остават лош впечаток. Ако своите мисли ги кажете јасно, работодавачот ќе го увиди вашиот карактер, концизност, а тоа ќе придонесе да се истакнете.