Вотка, шеќер … најдобри домашни лекови

Домашните лекови се природни и ефикасни. Наместо да трошите пари на скапи лекови и третмани, секогаш може да се одлучите за безбедни домашни лекови. Тие немаат несакани ефекти и се одлични во лекувањето на секојдневните проблеми. Многу домашни лекови се многу едноставни, а состојките се лесно достапни.

Состојките како што се јогурт, маслиново масло, ѓумбир, шеќер, лимон, итн, може да се користат за лекување на неколку здравствени проблеми, како и проблеми со кожата и косата . На пример со ѓумбир може да се лечи настинка, кашлица и неколку други инфекции. Исто така, лимонот може да помогне во губење на килограмите, може да го излечи гадењето. Но, постојат неколку “чудни” домашни  лекови кои  помагаат.

ВОТКА

Нозете имаат непријатен  мирис ? Па, може да ја излечите оваа непријатна миризба со вотка. Се што треба да направите е да ги миете нозете со овој пијалок. Исто така можете да натопете крпа во вотка и само да ги избришете вашите нозе, со цел да се избегне непријатниот мирис.

ШЕЌЕР

Имаате проблеми со икање, а водата не помага? Тогаш шеќерот е лек кој сигурно ќе ви помогне. Проголтајте една лажица шеќер (гранули или прав) и ќе го видите ефектот.

НАНЕ

Покрај тоа што ја освежува устата , нането го подобрува метаболизмот на вашето тело. Се што е потребно е да го џвакате листот од нане свеж.

ЈОГУРТ

Лошиот здив може да се реши со помош на јогурт. Вие не можете да џвакате мастика по цел ден. Тогаш можете да го користите јогурт. Јогуртот содржи пробиотици кои го намалуваат непријатниот мирис на устата.

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА

Излечете си ги кршливите нокти и сувите стапала со овој домашен лек. Масирајте ги со билни масла вашите раце и нозе да хидрираат и само по една недела ефектот ќе биде неверојатен .