Имате ли вие такви проблеми? Какви мерки преземате? Одите на третмани или користите креми? Или пак си правите домашни третмани?
Досадните акни не се само тинејџерски проблем. 80% од луѓето се соочуваат во одреден период од животот и секојдневно се нервираат пред огледало токму поради нив и неуморно го бараат најсоодветниот третман. Го уништуваат изгледот, ја намалуваат самодовербата, но и флеките кои остануваат се многу непријатни. Понекогаш тие се толку темни што не можат да се покријат ниту со шминка.
Витамин Ц серум – чудо на природата
Секако, акните можат да се третираат, а лузните да се превенираат. Се што Ви треба е витамин Ц серумот. Витаминот Ц е суштинска козметичка состојка за кожата. Редовната примена на витамин Ц лесно го намалува воспалението на кожата. Овој серум е добар за луѓето кои често се будат со воспалена или малку црвена кожа. Масажи неколку капки витамин Ц серум во текот на ноќта и се будам со прекрасна кожа.
Причинители на акни
Акните се создаваат како резултат на затнати пори од прекумерно лачење на себум и мртви кожни клетки, а може да се појават и како резултат на влијанието на машките хормони кои се присутни кај двата пола. Црните и белите дамки на кожата се појавуваат како резултат на зголеменото лачење на хормоните со што се создава поволна средина за развој на бактерии. Со текот на времето слојот околу влакното може да предизвика воспалени или невоспалени мозолчиња. Треба да се знае дека акните не се заразна болест. Најчесто, причина за почеста појава на акните кај младата популација е стресот, а кај женската популација акните особено се јавуваат за време на менструалниот циклус.