Б12 – клучен витамин за добро здравје

Витамин Б12 е витамин растворилив во вода и е еден од најважните микронутритиенти кои ги добиваме од намирниците од животинско потекло. Овој витамин учествува во низа процеси кои учествуваат во одржување на здравјето. Витамин Б12 игра важна улога во процесот на делба на клетките, допринесува за нормално функционирање на нервниот систем, учествува во метаболизмот на хомоцистеин и создавање на енергија. Исто така овој витамин е од клучно значење за создавање на црвени крвни клетки, помага во намалување на заморот и зајакнување на имунитетот. Исто така, овој витамин делува врз зголеменото производство на енергија, го поттикнува растот и долгиот животен век на клетките и е неопходен за правилно функционирање на дигестивниот систем.

Недостаток на витамин Б12
Недостаток на витамин Б12 се јавува ретко и тоа само кај ригорозни и долготрајни диети и при вегетарјанска или веганска исхрана. Нашиот организам има способност да складира витамин Б12 во црниот дроб, потребен за повеќе од една година, па затоа недостигот од овој витамин е ретка појава. Дневните потреби за овој витамин се околу 2,5 µg.

Симптоми: замор, заборавање, слабост и анемија, депресија, анксиозност, жолтеникава кожа, мазен и црвен јазик, болка во мускулите, вртоглавици и проблеми со видот; 

Храна богата со витамин Б12:

  • Говедски црн дроб
  • Сардини
  • Говедско месо
  • Туна
  • Сирење
  • Јагнешко месо
  • Јајца
  • Лосос итн.

Токму заради тоа што витаминот Б12 главно се среќава во производи од животинско потекло, особено голем ризик за негов недостаток имаат луѓето, кои практикуваат вегетеријанска исхрана. Тоа не значи дека тие мора да се откажат од таквиот начин на исхрана, но потребно е да обратат поголемо внимание и да земаат соодветни суплементи.