Витамин Ц во борба против сезонските настинки

Експертите потврдуваат дека витаминот Ц е еден од најбезбедните и најефективни нутритивни состојки. Придобивките од витаминот Ц се многубројни, а негативните последици речиси и не постојат, пред сè поради тоа што овој витамин практично и не може да се предозира (телото го излачува вишокот). Витаминот Ц е витамин растворлив во вода.

Општо познато е дека консумирањето на витаминот Ц се препорачува кога сме настинати и за превенција на настинките. Научно контролираните студии за користењето на витаминот Ц за третирање на настинките, покажуваат дека може да помогне во редуцирање на симптомите на настинките. Со давањето на имуниот систем на една од нутритивните состојки што му се неопходни.

Човечкиот организам е зависен од овој витамин за правилен раст и развој, а исто така и за регенерација на оштетените ткива. Витаминот Ц помага во производството на колаген, помага при заздравувањето на раните, но и за одржување на забите и коските. Функционира како антиоксиданс, којшто помага да се редуцираат оштетувањата во клетките предизвикани од страна на слободните радикали. Оттука, може да помогне во превенција на многу болести. Антиоксидативните својства на овој витамин ја заштитуваат ДНК-та на клетките од оштетување и од мутации.
Кога ќе ги почувствувате првите симптоми на настинка, сигурно и вие посегнувате по природен витамин Ц или во облик на таблети. Но, колку витаминот Ц ви помага? Дали е само мит кој се пренесува со генерации или навистина го подобрува здравјето и имунитетот?

Докторите велат:
„Да, витаминот Ц може да помогне во борбата со настинката, но дефинитивно не е лек. Тој помага и ја подобрува циркулацијата на местата со инфекции и бактерии и со тоа му помага на организмот полесно да се избори. Важно е да се напомене дека природните извори се секогаш подобри, бидејќи организмот подобро го прифаќа витаминот од овошјето и зеленчукот, но сепак не може да се несува потребната дневна доза“.

Која е препорачаната дневна доза?
За мажите над 18 години, износот на витамин Ц, секојдневно е 90 mg. За жените на возраст над 18 години, тоа е 75 mg. За бремени жени и доилки над 18 години, соодветно е од 85 mg до 120 mg. Пушачите може да додадат дополнителни 35 mg на нивната редовна доза. За бебиња (0 до 12 месеци), количината на витамин Ц во е мајчиното млеко. За деца од 1 до 3 години, тоа е 15 mg; 4 до 8 години е 25 mg; Од 9 до 13 години е 45 mg. За адолесценти (14 до 18 години), препорачаната доза е 75 mg за момчиња и 60 mg за девојки.