Уште еден нов тренд во оваа година се однесува на житарките. Сите знаеме колку се здрави, особено ако станува збор за интегралните житарки, но постојат одредени видови кои се поздрави од останатите.
Веќе добро се познати здравствените придобивки од овесот, амарантот и дивиот ориз, но оваа година, обрнете внимание на новите „супер житарки”, за кои многу веројатно не сте слушнале. Станува збор за фриках (зелена пченица) и теф. Овие зрна се богати со Б витамини, протеини, влакна, железо, магнезиум и амино- киселини.
Се подготвуваат на сличен начин како и поголемиот дел од таквите зрна, а може да се користат насекаде. Имаат благ вкус, лесно сварливи се и неверојатно здрави.