Веган … Како да започнете со овој начин на исхрана, дали е здрав и кои се најважните правила ?

Веганството измина долг пат од своите скромни почетоци и сега е избор на многумина познати личности кои се одлучија од својата исхрана да ги исфрлат сите производи од животинско потекло. Меѓутоа, пред да се одлучите да се откажете од сите производи од животинско потекло, погледнете ги следниве десет совети кои ќе ви бидат од корист…

1. Вашите пријатели и роднини ќе имаат многу прашања

Луѓето се многу чувствителни кога станува збор за храната, особено ако станува збор за нешто во што веруваат целиот свој живот. Најдобриот начин за да не дозволите да дојде до било какво несогласување е да нагласите дека тоа го правите за себе, од лични причини и дека тоа ви годи.

2.Ќе ви требаат додатоци од витаминот Б12

Овој витамин природно го добиваме од храната од животинско потекло, па затоа својата исхрана ќе треба да ја збогатите со додаток од витаминот Б12. Овој витамин е особено важен за здравјето на крвните и нервните клетки, а недостатокот од него може да доведе до : замор, запек, губење на апетитот, нервни проблеми и депресија. За да знаете колку точно ќе треба да земате од овој витамин најдобро ќе биде да се консултирате со лекар.

3. Најверојатно ќе ви требаат и додатоци на железо

Железото најчесто го внесуваме преку храната од животинско потекло и тоа најлесно се апсорбира. Наспроти тоа веганската исхрана содржи железо кое потешко се апсорбира, па затоа ќе треба да внесувате повеќе железо. Добри извори на железо се семките од сончоглед, сувото грозје и лиснатиот зеленчук. Плодовите кои се богати со витамин Ц можат да помогнат за подобра апсорпција на грозјето.

vegan 1

4. Ќе мора да најдете нови извори на протеини

Секој оброк мора да содржи и протеини. Тие помагаат во раснењето на клетките и нивното обновување. Најдобриот извор на протеини се : природната соја, леќата, мешунките и квиноа.

5. Храната од животинско потекло не треба да ја заменувате со лоша храна.

Нема да ви помогне замената на месото со леб, ни тестенини и други преработени производи нема да ви помогне. Не е добро храната од животинско потекло која е богата со протеини, минерали и витамини да ја замените со брза храна која поседува малку хранливи вредности и многу калории. Последица од ова може да биде зголемената глад, дебелина и лошо расположение.

vegan 2

6. Не претерувајте со производите од соја

Критичарите ги истакнуваат и недостатоците на сојата додека нејзините поборници укажуваат само на нејзините предности. Иако научниците и понатаму дискутираат за влијанието на сојата по здравјето на срцето, едно е сепак сигурно- консумирањето на „месо од соја“ во големи количини е полошо од консумирањето на неквалитетни производи од животинско потекло. Замените за месо се мону често индустриски преработени и полни со натриум и хемикалии, па затоа е потребно етикетите на производите да се читаат многу внимателно. Најздравиот избор се соја зрна, тофу, мисо и млекото од соја.

7. Не мора веднаш да преминете на новиот начин на исхрана.

Нема да се разбудите како веган. За тоа е потребно многу време и труд. Постепено во вашата исхрана внесувајте повеќе производи од растително потекло, а во исто време исфрлувајте ја храната од животинско потекло. Постепените промени ќе ви помогнат да ја следите вашата здравствена состојба и расположение.

8. Можеби ќе се чувствувате посреќно

Во споредба со веганската исхрана, лицата кои внесуваат месо внесуваат и посебна киселина, која може да доведе до невролошки промени кои го расипуваат расположението.

9. Билките можат да го надоместат потребниот внос на калциум

На возрасните лица им се препорачува минимум од 1000 милиграми дневно, но одредени истражувања покажуваат дека веганите можат да поминат и со помали количини. Веганите кои консумирале барем 525 милиграми калциум, немале поголем ризик од кршење на коските. Клучот е во производите кои се консумираат кои се природни богати со калциум, како што се кељ, бадеми и смокви.