Ве мачи висок притисок? Откријте кога во денот е највисок, а кога најнизок

Голем број луѓе се среќаваат со фактот дека крвниот притисок им е покачен во утринските часови. Вообичаено е наутро вредностите од мерењето да се зголемени, а еве ја причината и зошто тоа се случува.

Хормонот коритизол, кој го активира автономниот нервен систем и може да предизвика зголемување на притисокот, го достигнува својот пик во раните утрински часови. Тоа може да биде една од причините зошти ризикот од срцев удар е поголем наутро, отколку во некој друг период од денот.

СТРЕСОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ВИСОК ПРИТИСОК НАУТРО

Научниците претпоставуваат дека поголемата зачестеност на изненадна срцева смрт во раните утрински часови во сабота и понеделник е поврзана со прекумерното ниво на кортизол, што е причина за висок притисок.

Ако дома или на работното место владее непрекината “емоционална воена состојба“, тогаш подготовката за соочување со викендот или работната недела може да предизвика погубна комуникација помеѓу умот и телото.

Важно е да се знае дека зголемените вредности при утринското мерење на крвниот притисок се вообичаена појава. Како одминува денот, притисокот се намалува, иако може да се зголеми со активности и стрес. Во текот на вечерта, вредностите повторно паѓаат, оти телото се опушта и се подготвува за сон.

ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ?

Ако сте здрави и не боледувате од хипертензија, редовните прошетки може да го нормализираат дијастолниот (долниот) притисок. Лицата кои живеат под зголемен стрес, со пешачење ќе го намалат систолниот (горниот) притисок.

Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/

Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)