Вашиот план за енергија 24/7

Имавте тешка ноќ? Поголемиот дел од времето бевте свесни за своето спиење, а подоцна ве мачеа кошмари? Не чудете се ако се разбудите лути на целиот свет. Луѓето се ранливи кога се уморни, на моменти желни за кавги и нерасположени да прифатат помош.

Студијата на фондацијата New Economics откри дека секој втор човек, во поголемиот дел од времето, не се чувствува одморено и свежо после спиење. Проблемот започнува со несоница, но кулминацијата се случува преку ден, бидејќи обврските делуваат 10-пати потешки.

Со мали промени во навиките, возможно е да го зголемите нивото на енергија преку ден и мирно да заспиете вечерта.

07:30 НАПИЈТЕ СЕ ВОДА

И благата дехидратација ќе ве направи сонливи и неспособни да се фокусирате, се вели во студијата објавена во Journal of Nutrition. „Водата ќе ве расони, ќе ја поттикне дигестијата и ќе го забрза метаболизмот“ вели диететичарот Хелен Бонд. Стартувајте со една чаша и паркирајте еден литар вода на бирото: до пладне, урината треба да биде бистра.

08:00 ПОЈАДОК

Појадокот е неопходен за сон. Во првите часови од денот отворете ги метаболичните прозори и покажете му на телото дека има дотур на храна, за да може да се опушти и да заспие кога ќе дојде време. Варени јајца и интегрален тост – одличен баланс на протеини, масти и комплексни јаглехидрати за да го наполните резервоарот со гориво.

10:30 ПАУЗА ЗА КАФЕ

Не практикувајте да се расонувате со кофеин на празен стомак, бидејќи ризикувате да ве заболи желудник. Кофеинскиот поттик добро ќе ви дојде, кога природните енергетски нивоа ќе почнат да опаѓаат – на средина од утрото е идеално време, велат научниците од Uniformed Services University of the Health Sciences од САД. На средина на утрото опаѓа нивото на кортизолот, хормонот што ве држи будни.

13:00 МОЌЕН РУЧЕК

Јаглехидратите ги бие лош глас, но нивното исфрлање од исхраната ќе ви ја намали концентрацијата – ќе почнете да заборавате и побрзо ќе се уморите. За разлика од шеќерните, рафинирани видови, комплексните јаглехидрати како компири, ориз и киноа, ќе му ја дадат на мозокот потребната доза гликоза. Каснете салата со сладок компир, фета и разнобојни зеленчуци.

15:00 ЧОКОЛАДЕН ДЕСЕРТ

Флавонидите во чоколадата го поткреваат расположението и ја поттикнуваат мозочната моќ, велат невронаучниците во студијата на Journal Of Psychopharmacology. Но, ова не важи за сите чоколади, потребна ви е црна чоколада со 70% какао во составот.

19:30 ВЕЧЕРА

„Летаргијата е знак дека ви недостасува железо – минералот или градбената единица на црвените крвни зрнца кој помага да се складира и да се пренесе кислородот во крвта“ вели диететичарот Хелен Бонд. Најдобриот оброк што ќе го поттикне? Парче месо и броколи. Црвеното месо е еден од најдобрите извори на железо; броколите содржат витамин Ц кој го врзува железото.

22:00 ШОЛЈА ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА

Студијата објавена во магазинот Biological & Pharmaceutical Bulletin заклучи дека камилицата значително го намалува времето што ви е потребно за да потонете во сон.