Урма – борец против стареење

Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради кои се смета за најздраво овошје на земјата. Тие се одличен извор на природни влакна кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Сега е докажано дека урмата покрај сувото грозје и бадемот, спаѓа во непроценливо корисни суви овошја. Урмите растат во огромни гроздови на палми. Поради нивните корисни својства арапските народи секојдневно ги консумираат. Лесно се берат, чуваат и се транспортираат, па затоа ги има во продавниците ширум светот. Природните шеќери кои во себе ги содржат се во вид на гликоза и фруктоза.

[rpi]

Мелените суви урми потопени цела ноќ во вода претставуваат добар лек доколку сакате да го зајакнете срцето и неговите витални функции. Урмите исто така, претставуваат и многу ефикасен лек за мамурлак и против стареење. Ги смирува нервите, а научно е докажано дека слатките плодови поради многу калциум, магнезиум и фосфор можат превентивно да делуваат против ракот. Урмите го зајакнуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, го регулираат варењето, го заштитуваат стомакот од паразити и бактерии. Освен консумирање на целиот плод, од урмите може да се направи и џем, како и паста за колачи и пити. Најскапи, но и најдобри се од Медина.

Сепак, треба да бидете внимателни, бидејќи една урма има дури 20 калории.