Ефикасната диета трае само три дена, се основа на три оброци во денот и на вкупен внес до најмногу 1.000 калории. За три дена треба да се загубат еден ипол до два килограми. Доколку сакате да загубите повеќе килограми, повторувајте ја диетата по пауза од седум дена.
Секој од трите дена во диетата има свое диетно мени од кое не смее да се отстапува. Меѓуоброци не се дозволени. Чај и кафе без шеќер и додатоци се дозволени.
Прв ден
Појадок – едно парче препечен леб, 1 лажичка диетален маргарин и две варени јајца (270 калории)
Ручек – 150 грама варено пилешко (бело месо), 50 грама зелена салата, 50 грама печурки, ротквици, лажичка сенф и лажичка рен. Дозволена е лажичка маслинов зејтин за салатата. (290 калории)
Вечера – 100 грама шпагети, лути пиперчиња, лажичка маслинов зејтин, црн пипер и чешне лук. (300 калории)
Втор ден
Појадок – едно парче препечен леб, лажичка диетален маргарин, 30 грама немасно сирење, 1 јајце, чај со лажичка мед. (270 калории)
Ручек – 50 грама варен ориз, 100 грама шампињони, 100 грама тиквички, 150 грама морков, 1 домат, 40 грама грашок, лажичка маслинов зејтин, 40 мл супа, црн пипер. Сварете го оризот, а шампињоните, тиквичките, морковот и доматот исечкајте ги и динстајте ги со грашокот. Додадете го оризот, супата и црниот ппипер. (350 калории)
Вечера – Пилешка салата (270 калории). Подгответе ја од 1 домат, половина јаболко, 2 лажички билна маст, балзамико оцет, 70 грама пилешко месо, 40 грама зелена салата. Доматот и јаболката исечкајте ги и динстајте ги на лажичка билна маст, посолете , нарсите со црн пипер, па додадете балзамико (оцет). Белото пилешко месо исечкајте го и испечете го на остатокот билна маст.
Трет ден
Појадок – Овошно „мусли“ (350 калории). Половина киви, 1 мандарина, еден орев, три лажици немасно сирење, 40 грама корнфлекс и 50 грама млеко. Состојките сито исечкајте ги, додадете го корнфлекост и на крајот млекото. (300 калории)
Ручек – 150 грама лосос, сок од лимон, 2 лажички маслиново масло, 250 грама динстан спанаќ, парче препечен леб. (350 калории)
Вечера – Компир со немасно сирење. 200 грама варен компир, 100 грама посно бело сирење, 30 грама павлака, црн пипер, 1 домат. Помешајте го сирењето, павлаката, посолето и наросете црн пипер. Компирот сервирајте го со ситно исечканиот домат и смесата направена од сирење и павлака. (300 калории)