Трикови за Боливудска убавина

Како се негуваат ѕвездите на Боливуд: Карина Капур, Дипика Падуконе, Аишварија Раи и Катарина Каиф.

Катарина Каиф

Катарина Каиф

Индиско-британската актерка Катарина Каиф практикува едноставна диета и секојдневно едночасовно вежбање фитнес. Наутро пие четири чаши вода, а потоа на секои два часа јаде овошје или зеленчук. Денот го започнува со нега на лицето со помош на минерална маска, а еднаш неделно косата ја третира со витаминска маска.

Аишварија Раи

Аишварија Раи

Поранешната мис на светот Аишварија Раи води здрав живот, сосема ја избегнува пржената и брзата храна, не пие алкохол и не пуши. Исхраната и се базира на голема количина на овошје и зеленчук, конзумира повеќе од две литри вода дневно, а од дневна шминка употребува само мат пудра и сенка во праска, нежно розова или кафена боја.

Дипика Падуконе

Дипика Падуконе

Дипика Падуконе вели дека основно правило за нега е да се отстрани шминката пред спиење и таа тоа редовно го прави. Потоа, на лицето нанесува крема за навлажнување на кожата и ноќна крема. Како нејзината колешка Капур и Дипика верува дека во здравата исхрана е клучот за убавината. Дневната шминка ја базира на природни тонови, сјај за усни и природна течна пудра.

Карина Капур

Карина Капур

Карина Капур е вегетеријанка, практикува јога и избегнува да се шминка преку ден. Ако нанесе на лицето шминка навечер, денот го завршува со длабинско чистење на кожата на лицето со тоник и пилинг. Верува дека тајната за убавина е во зеленчукот и шест чаши вода на ден.