Три едноставни трикови за побујна коса

Ако имате рамна и тенка коса, знаете и самите колку е тешко да се постигне волуменот на косата, но овие три трикови ќе ви помогнат во тоа да успеете.

kosa 3

1. Најдете добар спреј за текстура , па нанесете го на косата пред спиење. Со рацете истријте ја косата, а потоа подигнете ја на врвот на главата во лабава  пунџа. Кога ќе се разбудите и расчешлате косата, ќе имате природни локни и сјаен волумен.

2. Овој едноставен трик успева секој пат! Едноставно префрлете го патецот на другата страна. Косата секогаш ќе се залепи на онаа страна на која секогаш го носите патецот, па така префрлањето на друга страна ќе ви донесе неочекуван волумен.

Healthy Hair

3. Дури и косата која е спремна за миење во еден момент може да стане биде полна со преубави локни. Косата кај темето „шприцнете“ ја со шампон за суво миење или бејби-пудра, измасирајте го правот со прстите и потоа косата добро расчешлајте ја и стилизирајте ја. Ќе бидете воодушеви од волуменот.