Најдекадентното топло темно чоколадо кое може да се најде во париските кафулиња. Интензивно богат, апсолутно небесен вкус за сите љубители на чоколадото. Рецептот е базиран на оној кој го користат во познатото Кафе Анџелина во Париз.
Состојки
1 1/2 шолја полномасно млеко
1/2 шолја слатка павлака
2 лажици шеќер во прав
1/2 лажичка еспресо кафе во прав (по желба, но неверојатно вкусно. Го интензивира вкусот на чоколадото)
225 г темно чоколадо, барем со 70% какао, фино исечкано
голема шолја шлаг за сервирање
Начин на подготовка
Во сад со средна големина на среден оган измешајте ги млекото, слатката павлака, шеќерот во прав и еспресото. Мешајте се додека на рабовите на садот не се појават мали меурчиња. Не дозволувајте смесата да зоврие.
Отстранете го садот од оган и додадете го сечканото чоколадо. Мешајте се додека чоколадо не се растопи, а потоа вратете го садот на тивок оган за да добиете единечна смеса. Сервирајте го топло, со многу шлаг.