Многу експерти предлагаат денот да го започнете со голема чаша топла вода „зачинета“ со лимон.
Многу експерти предлагаат денот да го започнете со голема чаша со топла вода „зачинета“ со лимон, но дали оваа комбинација е навистина добра за детоксикација? Еве ви неколку причини кои одат во прилог на тврдењата на експертите, но и на некои кои ги негираат :
– Лимонската киселина може да предизвика болки во стомакот, па така логично се наметнува прашањето како воопшто е заклучено дека лимоновиот сок го подобрува варењето? Една студија, објавена уште пред три децении, покажала дека лимоновата киселина може да ја подобри апсорбцијата на алуминиум хидроксид, активна состојка во многу антациди (во лекови кои ја неутрализираат желудочната киселина).
– Докажано е дека витаминот С, кој го има во лимоновиот сок, ја подобрува апсорбцијата на минералите, но не е потребно да го пиете лимоновиот сок топол за да го постигнете овој ефект. Витаминот С е еден од најприсутните витамини во овошјето и зеленчукот. Иако често мислиме дека цитрусното овошје е најголем, па дури и единствен извор на овој витамин, и пиперката, јагодата, броколите и спанаќот содржат поголеми количества витамин С. Тоа значи дека се додека за појадок имате овошје и зеленчук, можете да очекувате апсорбцијата на минералите од нив да биде подобра.
– За лимонот обично се вели дека го чисти организмот од токсини, но одредени експерти велат дека со резерва треба да го прифатиме фактот дека било кое овошје или додаток можат да направат чуда во процесот на детоксикација. Во лимонот постои антиоксиданс наречен д-лимонен (лимонска синтеза), кој го има и во портокалите, а највеќе во кора од лимон и портокал. За д-лимонен е докажано дека ги активира ензимите во црниот дроб кои влијаат на процесот на детоксикација. Но, дали лимоновиот сок навистина содржи доволно д-лимонен кој е потребен да го зајакне овој процес? Веројатно не. Еден литар од лимоновиот сок содржи во просек 100 милиграми д-лимонен, а истражувачите проценуваат дека активната доза би требало да изнесува минимум 500 милиграми. Значи, д-лимонен е одлична состојка која може да влијае на болниот гастроезофагеален рефлукс, но дози кои се неопходни се наоѓаат единствено во додатоците, но не и во свежиот лимонов сок.
Нема сомнежи во тоа дека лимонот има добри особини и состојки кои допринесуваат за здравјето, но еден лимон исцеден во чаша врела вода нема многу да влијае на подобрување на здравствената состојба.