Ако размислувате за диета, есента е идеално време за Вас. Во овој период може да пронајдете безброј здрави намирници, овошје, зеленчук и зачини богати со витамини и минерали.
1. Тиква со малку калории
Тиквата е богата со влакна и минерали, има висока концентрација на витамини, бета-каротени, и мал број на калории, 33kcal на 100 грама. Претставува совршена намирница за сите оние кои настојуваат да ослабнат. Од неа може да се прави чорба, разно разни погачи, супи, итн…
2. Циметот го намалува апетитот
Овој чудесен зачин се додава на секој оброк. Одговара на солени и слатки јадења, а доаѓа во два облика – како стапче и мелен. Циметот е богат со влакна, калциум и железо, поради што претставува совршен природен лек кој го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот.
3. Свинското месо дава чувство на ситост
Овој вид на месо е богато со белковини поради кое подолго време останувате сити, а една шницла од 100 грама содржи 291 калории. Најдобар начин за припрема е варењето, а доколку е можно одбегнувајте го печењето и поховањето.
4. Јапонско јаболко – извор на јод
Јапонското јаболко е одличен извор на јод кој е неопходен за здрава работа на штитната жлезда. Освен тоа го забрзува метаболизмот поради што е идеално за сите оние кои посакуваат да ослабнат. Кората е богата со влакна, каротеноиди и витамин Ц и А. 100 грама јапонско јаболко содржи 77kcal. Пробајте да го комбинирате со зеленчукова салата.