Ти студи, ти се спие, не ти се работи – еве како да се поттурнеш сам?!

Алармот почнува да ѕвони, утро е, а темно е. Се чувствуваш како мечка скорната од хибернација, едвај собираш сили да го почнеш денот.

Енергијата ти е сведена на минимум, постојано си поспан, мрзоволен и ништо не ти се работи.

Сите живееме со забавено темпо штом залади и затоа се соочуваме со покачена телесна тежина, депресивни чувства, па дури и со намален имунитет.

Она што вистински ќе ти го разбуди организмот, ќе те освежи и ќе ти даде енергија е спирулината на San Sebastian.

Оваа неверојатна алга вдахнува живот во секоја клетка во телото. Дава енергија, го храни мозокот, целосно те зајакнува за да имаш волја и кога денот е краток, а температурите ниски.   

Зошто воопшто се соочуваме со пад на енергијата штом залади?

Биолошки, проблемот го предизвикува краткиот ден, а не ниските температури. Кога денот е краток, мозокот продуцира повеќе мелатонин кој прави да се чувствуваш уморен.

Лачењето на хормонот одговорен за спиење е тесно поврзан со зајдисонцето, а штом сонцето почне да заоѓа порано, твоето тело автоматски сака да заспие порано.

Си приметил ли колку многу ти се приспива рано навечер? Сега знаеш зошто!

Ти секако нема да појдеш на спиење во 19:00 часот, па затоа нивото на мелатонинот постепено ќе почне да ти опаѓа. За одново да ти се приспие, ќе треба да го чекаш новиот бран на мелатонин кој може да настапи часови подоцна.

Од овие причини, ти остануваш буден до доцна во ноќта, наутро се будиш ненаспан и мака мачиш да го иструкаш денот. Ако истово ова ти се случи неколку ноќи по ред, голема е веројатноста да заглавиш со несоница.

Но, приказната не завршува тука!

Мозокот го користи серотонинот за да создаде мелатонин, па ако мелатонинот се покачи, нивото на серотонин ќе опадне. Ако серотонинот падне премногу ниско, ти ќе почнеш да се чувствуваш анксиозно, депресивно и ќе имаш дополнителни потешкотии да заспиеш.

Несоницата поттикната од покачено ниво на мелатонин и истовремено намалено ниво на серотонин, ги поттикнува следните симптоми:

  • Забавеност во целото твое живеење
  • Недостиг на мотивација
  • Прекумерна поспаност
  • Тага или анксиозност

Ова е цената што ја плаќаш поради она дополнително количество мелатонин што го создаваш во зима!!!

Како да си ја вратиш енергијата?

Така што ќе комбинираш здрава исхрана, спорт, а нутриционистите советуваат да го зголемиш внесот на:

  • Б витамините, особено на витаминот Б6, Б12, Б9 (фолна киселина)
  • Омега-3 и омега-6 масните киселини
  • Хлорфилот

За да ги поедноставиш нештата, почни да пиеш Spirulina San Sebastian! Не само што ги содржи буквално сите витамини од Б групата, туку важи за еден од најбогатите извори на хлорофил и  содржи дури 63% лесно сварливи протеини чиј состав не се разликува од оние присутни во јајцата.

И кога телото е изложено на слаба храна,минимум физичка активност, минимум сон и високо загадување, спирулината на San Sebastian успева да го прочисти и обнови и да му даде сила.

Spirulina San Sebastian е идеален суплемент за активни и на студот!

San Sebastian Spirulina производите можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

San Sebastian Spirulina можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/kategorija/san-sebastian/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот

*(Достава до домашна адреса со брза пошта)