Тања Рибакова ослабе 55 килограми и целосно си го промени животот. 25-годишната Русинка сега е лајфстајл блогерка која ги советува своите фанови како да се хранат поздраво и како да го обликуваат телото со вежбање.

Дебелината била причина што Тања била исмејувана. „Децата беа злобни, не се дружев со никого, немав пријатели и во најголем дел од времето читав. Беше толку лошо што се враќав од училиште со плачење и не сакав да одам повторно таму. Прекумерната тежина ми ја одзеде самодовербата“ – раскажала таа.
Откако стопи десетици килограми и потполно се трансформира, таа редовно добива комплименти, дури и е нарекувана „убавица“ од лицата кои порано ја исмејувале.
„Сега истите тие лица од училиште ме контактираат и ми велат дека сум убава“ – додала таа.
Лошата исхрана била пресудна за дебелината на Тања. „Не потекнувам од богато семејство. Ние јадевме многу евтина храна која не беше здрава. Мојата тежина се зголеми и имав проблеми со дишењето“ – изјавила Тања.
Три и пол години биле потребни за таа да се ослободи од вишокот килограми, а виснатата кожа ја отстранила со помош на операција.


