Свежа риба и Омега 3, идеални за здраво срце

Жените кои редовно јадат риба имаат пониска предиспозиција кон кардиоваскуларни болести, тврдат научниците.

Според новото истражување, при практикување на режим на исхрана богат со морски продукти, ризикот од срцев удар се намалува до 90%. Традиционално, податоците покажуваат дека Омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат главно во лососот, скушата и сардините се многу корисни за здравјето на мажите.

Се смета дека рибино масло е особено драгоцено за жените кои се наоѓаат во фертилниот период. Поволен ефект се забележува и од луѓето кои страдаат од зголемен крвен притисок. Рибата е корисна и за правилното функционирањето на кардиоваскуларниот систем и крвните садови.

Во истражувањето учество земале 49 000 жени на возраст од 15 до 49 години, чие здравје се набљудувало во текот на осум години. Во овој период, научниците ја следеле исхраната и начинот на живот на учесничките.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Експертите ја земале во предвид и историјата на заболувања во нивните семејства.

Научниците дошле до заклучок дека ризикот од кардиоваскуларни болести кај жените кои ретко конзумираат риба или ја избегнуваат таа храна е до 90% повисок во споредба со оние кои јадат риба еднаш неделно.

Истражувачите препорачуваат рибата да се конзумира два пати неделно, а едната порција треба да биде од мрсните видови.

Резултатите се објавени во списанието Hypertension на Американското Кардиолошко Друштво.

Dr. Viton – Omega 3 можете да го нарачате онлајн ➡️
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/

Dr. Viton – Omega 3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)