Сувата кожа води до длабоки брчки, а оваа состојка ги третира и двете

Ја чувствуваш кожата како затегната, а на допир ти е груба, нерамна и сува. Брчките на челото и оние фини линии околу очите и устата буквално дречат на твоето потемнето лице.

Очигледно си ја оставила кожата без вода летово и ако не реагираш брзо, можно е кожата да почне да ти се перути, да те пецка и да те чеша.

Брзи ефекти за ептен кус рок ќе постигнеш само со Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот, бидејќи е моќен концентрат на хијалуронската киселина која длабински ќе ја хидратира и подмлади кожата.

Иако 70% од составот на кожата отпаѓа на водата, таа лесно може да дехидрира и во лето, но најчесто го занемаруваме тој факт од што ни е претопло и кожата ја чувствуваме како масна.

Но, Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот не му тежи на лицето, брзо се впива па нема да ти создаде нервоза и јадеж ниту на екстремно високи температури, но ако го игнорираше цело лето сега е вистинско време да го вратиш во дневната рутина.

Со неколку капки во денот, Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот ќе успее да ја надомести изгубената влажност на лицето, но ќе ги врати во функција и природните фактори кои сами по себе ја одржуваат хидратацијата во кожата и обезбедуваат бариера за таа да не испарува брзо.

Под дејство на надворешните фактори, нивото на хидратација во кожата опаѓа што значи нејзината заштитна бариера е пробиена и тоа е опасно за нејзиното здравје.

Ваквата промена не се случува само во зима под дејство на ветерот и ниските температури, летните услови се подеднакво моќни да ја исцрпат водата од клетките, а директното изложување на сонце само го забрзува целиот процес.

Високите температури го сушат воздухот, а тој ја суши кожата небаре е цвеќе. Влагата на површината на кожата дополнително ја суши климатизираната просторија. Но, се чини дека најголема штета прави хлорот во базените кој ги апсорбира природните масла од кожата. Ако кожата е чувствителна, таа може да почне и да пука, да се перути и да се осипе.

Сличен ефект врз кожата има и соленото море, ако на почетокот делува како пилинг за кожата, после неколку дена тој ќе почне да ја црпи водата од кожата, особено ако не го исплакнете лицето и солта преседне на него. Уште ако задува ветер, големи се шансите кожата да попука и да пржи дури и при контакт со чиста вода.

Среќа тука е Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот кој успешно ќе ги санира сите последици поттикнати од дехидратацијата од причина што содржи клучни хидратантни состојки во својот состав:

Хијалуронска киселина со цел да се поткрене нејзиното намалено ниво во кожата и успешно да се пополнат брчките, но и да се врати опуштениот тонус на лицето.

Ретинол (витамин А) активна состојка која ја поттикнува циркулацијата на крв во кожата и на тој начин поттикнува продукција на колаген, но и на дополнителни дози хијалурон кои ќе го измазнат лицето како стакло. Ретинолот ќе ги обнови дехидрираните клетки, а оние оштетените ќе ги замени со нови, па кожата одново ќе добие мекост и сјај.

Витаминот Ц ќе се избори со сите слободни радикали кои стасале до кожата и поттикнале флекав тен и сува кожа. Надополнет со витамин Е во составот на Dr. Viton Hyaluronic Acid серумот, тој експресно брзо ќе ја излекува кожата од фотоштетите.

Органско маслото од јојоба буквално го имитира природниот себум што го продуцира кожата и кој има заштитна функција кога се лачи во нормални дози. Предноста на маслото од јојоба е тоа што многу потешко испарува од кожата за разлика од водата. Плус, содржи низа минерали и витамини што ќе ја потхранат и регенерираат стресената кожа.

Без вода нема живот за кожата, затоа Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е производ без кој не смее да стартува твојата нега.

Dr. Viton – Hyaluronic Acid серумот е достапен во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Можеш да го нарачаш и онлајн на: 

https://alfalab.mk/proizvodi/hyaluronic-acid-serum/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот).