Стопете ги килограмите со „невидливи“ фитнес вежби

Секојдневните обврски се најдобриот бесплатен фитнес кој може да му го подарите на Вашето тело. Познати како „невидливи“ фитнес вежби во продолжени ви ги претставуваме најдобрите кои треба да бидат Ваша секојдневна активност за двојно задолоство … совршено тело & совршено организиран ден …

Купување

Согорувајте калории додека купувате различни производи во маркетите. Според некои истражувања, при употребата на количка кога избирате производи, се трошат од 105 до 150 калории на секои 30 минути. За да потрошите уште некоја калорија плус, паркирајте го вашето возило подалеку од влезот на продавницата. Доколку се одлучите да не користите возило кога одите да пазарувате, ќе потрошите уште 100 калории за 30 минути пешачење.

Исперете го автомобилот

Експертите на Diet.com, тврдат дека може да согорите 300 калории за еден час додека го чистите вашиот автомобил со правосмукалка и го миете.

Играјте со вашите деца

Трошете калории додека си играте со вашите деца. 30 минути умерена игра со децата се доволни за да потрошите 178 калории, додека при поинтензивни игри кои бараат поголема физичка активност, може да согорите дури 222 калории. Другарувањето со сопствените деца исто така, може да помогне во намалување на стресот, но, најзначајно е тоа што со оваа меѓусебна комуникација ги зајакнувате семејните односи.

Исчистете го домот

И оваа задача која ќе си ја дадете на себе, има две продобивки. Од една страна ќе имате почист дом, а од друга повторно ќе потрошите калории. Со смукање и бришење на подот, ќе потрошите 100 калории за 20 минути.

Направете забава

Организирањето на забава е дополнителна можност да се согорат калории. Според едно истражување, може да согорите до 450 калории тргнувајќи го мебелот и декорирајќи го домот за забавата која следи. Чистењето по забавата, отстранувањето на украси, миењето на садови, ќе ви помогне да потрошите уште 425 калории.

Работете надвор

Доколку имате двор, исчистете го или работете нешто во градината. Ова е добар начин да намалите некоја калорија. Со 30 минутно работење во градината може да потрошите од 139 до 205 калории. Употребата на машина за косење трева, ќе ви помогне да согорите уште 244 калории за 30 минути.