Компонента пронајдена во брокулите може да помогне во превенцијата против ракот на дојката, според новите истражувања во специјализираното списание за научна медицина – Clinical Cancer Research.
Компонентата, наречена sulforaphane, е докажана дека ги таргетира и убива малите субсети на клетки наречени канцерски стем клетки, кои се одговорни за ненормалното растење на малигното ткиво.
Истражувањата вклучуваат експериментални животни, глувци, со рак на млечните жлезди, и кај нив е најдено дека третманот со sulforaphane, покажал значителен напредок во борбата против овој тип на карцином.
Истражувачите на универзитетот во Мичиген исто така покажале сличен пад на бројката на канцерски стем клетки постигнато на тој начин што оваа компонента била додадена на хуманите канцерски клетки кои биле култивирани лабараториски.
Авторот на студијата Д-р. Duxin Sun, фармацефтски научник, на универзитетот за Фармација во Мичиген вели дека sulforaphane бил проучуван претходно поради неговите позитивни ефекти против канцерските клетки, но студијата покажала дека бенефитот е во инхибицијата на карциномските стем клетки на дојката.
Овие нови сугестии за потенцијалите на sulforaphane екстрахиран од брокулите, со цел да се превенира карциномот со таргетирање на критичните стем клетки одговорни за развојот на ова малигно заболување.
Една четвртина на карциномските случаи може да бидат превенирани со менување на нашата секојдневна диета, според Cancer Research of UK.