Стоп за лошиот здив

Најчеста причина за лошиот здив се слатките, бидејќи поради јаглехидратите бактериите повеќе се размножуваат во вашата уста. Лошиот здив може да се должи на каменец, болести како што се на белите дробови или синусните инфекции, нетолеранција кон млечни производи или стомачни проблеми. Ова се најефективните методи за борба против лошиот здив.

Вода

Најлесно решение против лошиот здив е водата која ги испира бактериите од устата. Ако е устата влажна, помали се шансите да имате лош здив, така што обичната вода долгорочно гледано подобро помага во однос на водите за испирање на устата.

Редовно миење заби

Миењето заби по секој оброк ќе ја спречи можноста за вовлекување на парченца храна помеѓу забите, кои можат да предизвикаат незгодни мириси. Исто така, важно е да се мие и јазикот на кој се задржуваат бактерии.

Јаболков оцет

Пред секој оброк испијте по една лажичка јаболков оцет, а можете да го додадете и во малку вода. Киселината од оцетот ќе ги неутрализира незгодните мириси во усната шуплина.

Чај со каранфилчиња

Мирисните каранфилчиња кои се ставаат во варено вино имаат силно антисептично дејство. Може да ги додадете во било кој чај, а се препорачува да ги пиете по оброкот.

Анасон

Полека џвакајте ги листовите од анасон додека плунката не ги раствори во устата, а потоа голтнете ги. Листови од анасон можете да додадете и во салата. Повторувајте ја постапката неколку пати дневно.

Жалфија

Оваа билка содржи етерични масла со антибактериски својства кои го уништуваат изворот на лошиот здив. Можете да џвакате сирови листови или да ја испирате устата со чај од жалфија.