Сокот од калина може да помогне во блокадата или во намалувањето на натрупување на холестеролот во артериите. Наслагите од холестерол во артериите ги стеснуваат и ги прават покрути, со што таа ситуација води до инфаркт.
Како и повеќето овошја, калината содржи антиоксиданси, особено полифеноли. Меѓутоа калината содржи поголеми концентрации на антиоксиданси за разлика од другите овошја. Антиоксидансите се сметаат за корисни против срцевите заболувања, како и во намалувањето на “лошиот” холестерол (LDL).
Сокот од калина е безбеден за пиење. Ако се решите да го конзумирате овој сок, проверете ја етикетата за да се осигурате дека пиете чист сок од калина а не мешавина од сокови со додаден шеќер. Шеќерот го зголемува бројот на калории и ги уништува корисните својства на сокот.
Во многу ретки случаеви сокот од калина реагира со одредени лекарства, како оние за крвниот притисок, па затоа ако примате медикаменти од овој тип направете прво консултација со вашиот доктор.