Сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев

Во срцето на Дебар Маало вечерва со почеток од 20 часот во култниот „Радио Бар“ со звуците од миксетата на DJsaurus Maci ќе се одржи изложба на сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев со впечатливиот жиг на КК.

11696009_10204834796974701_7672747634137191145_n

Ксенија Котев ја оживува филигранската уметност во нови облици. Со својата страст кон накитот емотивно ја гаи уште од нејзините први чекори, а професионално во инспиративната Италија како Дипломиран Моден дизајнер на Accademia Italiana и Магистер по Дизајн на Аксесоари – чанти, чевли и накит на Domus Academy.

10462629_1561225067501867_2366469037151472418_n

Својата страст ја посветува во последните моменти на инспирација исклучиво кон дизајнот на накит. Ужива во комбинација на многу материјали, бои, форми и текстури. Прв дизајнер на накит кој креира уникатни парчиња накит од стоматолошки материјали кои се сурови и деликатни за дизајн и обработка.

Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост ја освојува комплетно во најновата приказна од КК Дизајн со кое ќе не освои вечерва во 20 часот во „Радио Бар“.

Изложбата од нејзиното отварање ќе биде активна до 12Септември на истото место – „Радио бар“ – Улица: Пиринска 52