Идентификуван во 1957. Во срцето на Јапонија веќе долги години се користи за кардиваскуларни проблеми, а Европа полека влегува во длабочините на придобивките од еден, навидум обичен, коензим.
Со кратко име и широк спектар благодати за здравјето, Q10 е еден вид на витамин, коензим, антиоксидант, составен дел од буквално секоја човекова клетка во организмот. Телото произведува Q10, а клетките го користат за создавање енергија, за раст и одржување. Дејствува и како антиоксидант бидејќи го штити телото од штетни молекули.
Заштитната гарда на срцето го носи симболот на Q10
Веќе подолго време луѓето живет во заблуда дека единствената употреба на коензимот Q10 е класичното „пеглање“ на брчките со помош на креми.
Коензимот Q10 е составен дел од правилното функционирање на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. При разни заболувања како слабеење на срцето, болки во градите, висок крвен притисок и срцеви заболувања предизвикани од лекарства против канцер, во првите борбени редови, стои токму коензимот Q10.
Кај лица со доживеан срцев удар, консумирањето на Q10 во рок од една година резултира со заштита од други инфаркти и кардиоваскуларни заболувања, покажуваат истражувањата.
Истражувања покажуваат дека намалена количина на Q10 во крвта може да резултира со слабеење на работата на срцето.
Кожа, бели дробови, простата, панкреас – РАК!
Во 1961 година, научниците покажаа дека луѓето на кои им е дијагностициран рак, имаат регистрирано ниско ниво на Q10. Такви резултати се јавуваат кај луѓе кои имаат лимфом, рак на белите дробови, простата, панкреас, дебелото црево, бубрези, врат. Некои истражувања сметаат дека Q10 го потпомага имуниот систем и може да се користи како секундарен третман за рак.
Истражување покажува дека консумирање на суплемент Q10 кај луѓето со рак на кожа во подоцна фаза може да го продолжи времето.
Пулсирајте во ритамот на Q10
Голем е бројот на луѓе во светот кои страдаат од маките на високиот крвен притисок. Црвсти истражувања покажуваат дека Q10 заедно со други лекови за намалување на крвниот притисок даваат многу побрзи и поефикасни резултати.
Загарантирана 80ка ?! Да, благодарам!
Веќе неколку години, се вршат разни истражувања за тоа како Q10 го продолжува животниот век. Идеата потекнува од фактот дека во првите 20 години од животот нивото на Q10 е највисоко. Додека да стигнеме до 80, тие бројки се намалуваат. Некои научници сметаат дека внесувањето на Q10 во подоцнежните години во животот може да го продолжи животниот век. Освен тоа, со стареењето се јавуваат и проблеми со видот, кој според истражувања, Q10 може да ги подобри во комбинација со Л- карнитин и омега 3.
Q10 и сѐ е можно
Овој природен коензим е сестран антиоксидант кој има неверојатно широка и богата ризница на бенефити кога станува збор за здравјето, бидејќи е застапен во буквално секоја клетка во човековиот организам.
Коензимот Q10 се бори против:
- Наследни болести кои го намалуваат создавањето на природна енергија
- Оштетување на нервите кај луѓе со дијабетес
- Зајакнување на имунитетот кај луѓе со ХИВ
- Кај луѓе со Хантингтонова болест.
- Компликации на крвните садови јавени при операции на срце
- Мигрени
- Паркинсонова болест