Книгата е нов паралелен универзум кој му дозволува на умот да креира, а на телото да се ослободи. Книгата е антибиотик за секојдневнието, убавина на инспиративноста. И сите оние кои сакаат да читаат ќе ги најдете на факултет, на пауза за кафе, во автобус, во кафуле како задлабочено решаваат да го игнорираат овој и да заминат во некој друг свет. Но, сепак и оние страстните читачи, се чувствуваат најпријатно во своето совршено катче за читање. Ако се уште немате такво, време е да си го создадете.