Секојдневно ги споделуваме со вас и ви покажуваме совети и трикови за убавина со кои сакаме да ви олесниме и да ги подобриме вашите критериуми за убавина . Ние ви носиме уште неколку кратки совети кои треба да ги знаете.
- За меки кутикули секојдневно на рацете нанесете вазелин или маслиново масло.
- Пред парфемот нанесете лосион на кожата. Така мирисот ќе трае подолго.
- Кога ставате крем на лицето, внимавајте тоа да го правите така што движењето на рацете да биде насочено нагоре. Никогаш не го правете тоа кон доле .
- Подлогата е многу важна и не заборавајте да ја нанесете пред пудрата кога се шминкате.
- Исчистете го лицето пред спиење. Измијте се со сапун, нанесете тоник, а ноќната крема избегнувајте ја освен ако не ви е неопходна. Кожата мора да диши.
- Кога нанесувате крема нанесете ја и на вратот и деколтето.
- Ставајте маска на лицето најмалку еднаш неделно, а можете и почесто доколку за тоа имате време.
- Ако сакате да го истакнете окото, нанесете молив за очи како бојата на кожата во долниот дел под окото. На тој начин вашата маскара ќе биде поистакната, а очите покрупни.
- Ако не можете да ја одредите вистинската нијанса на течната пудра, можете да ја направите така што ќе измешате две нијанси.
- Избегнувајте да ја отстранувате шминката со влажни марамици, освен ако специјално не се наменети за тоа.
- Доколку досега не сте употребувале шампон за суво миење на косата, сега е вистинското време да почнете. Ќе ви заштеди доста време.
- Сакате вашиот маникир да трае подолго? Нанесувајте безбоен лак на секои два дена.