Офталмолозите тврдат дека од 34 милиони корисници на контактни леќи во САД, многумина страдаат од непотребни проблеми и непријатност, кои лесно може да се спречат.
Еве неколку совети предвидени од страна на д-р Пол Цимерман (Paul Zimmerman), професор на Јута универзитет (University of Utah Health Sciences Center ) и член на одборот за списанието на катаракта и рефрактивна хирургија (Journal of Catarakt and Refraktive Surgery) : Ако имате заматен вид, болка, непријатност, оток или црвенило, отстранете ги леќите и известете го вашиот лекар за тоа. Носете ги само оние леќи кои вашиот лекар ви ги препишал, бидејќи неправилното носење леќи, дури и оние без диоптрија, може да предизвика сериозни проблеми.
Заменете ги леќите по истекот на рокот на траење, бидејќи со текот на времето на леќите се таложат нездрави депозити . Редовно одете на прегледи на очите. Отстранете ги леќите пред спиење. Измијте ги рацете со сапун пред вметнување и отстранување на леќите Употребувајте раствор за чистење, испирање и дезинфекција или капки за очи кои вашиот лекар ќе ви ги препорача. Влажнењето на леќите со вода од чешма или плунка може да доведе до очни инфекции. Избегнувајте да ги допирате, а со тоа и да го допирате врвот на шишето со раствор за вашите леќи. Измијте ја вашата кутија за леќи, а потоа оставете ја да се исуши пред повторна да ја употребите. Ако користите шминка, користете ја онаа со натпис “Хипоалергично” или “направен за оние кои носат контактни леќи”