Совети од Давид Серван, автор на најчитаната книга „АНТИКАНЦЕР“

Прочитајте ги правилата кои ги креираше познатиот Д-р Давид Серван-Шрајбер, автор на најчитаната книга на светот на темата – борба против ракот под името „Анти-канцер“- нов начин на живот. Д-р Серван своевремено заболел од рак на мозокот на само 32 години, но потполно сам се излечил.

Денес меѓу другото води интернет страница под името www.anticancerbook.com. Д-р Сервен станал релевантен автор во оваа област во целиот свет со помош на низа студии и истражувања. Во својата работа и книга со низа студии и практични факти докажува дека секој од нас носи рак во себе, а дека исклучиво начинот на живот и исхраната, а не гените одредуваат дали ќе заболиме од оваа опасна болест или дали ќе се излечиме успешно од неа.

Д-р мед. Давид Серван-Шрајбер е професор на клиниката за психијатрија на универзитетот во Питсбург и ко-основач на центарот за интегративна медицина, како и член на одборот на Здружението за интегративна онкологија.

Книгата „Анти канцер“ во Њујорк е бестселер и преведена е на повеќе од триесет јазици. Д-р Сервен живее во Питсбург и Париз.

Ова се едноставни правила на исхрана и живот на кои треба да се држиме по д-р Серван, за да избегнеме заболување од рак или за да се избориме успешно со него :

ПРАВИЛА НА ИСХРАНА :

1) Вратете се на ретро исхрана. Вашите главни оброци треба да се состојат од 80 % овошје и 20 % протеини од животинско потекло од што некогаш се состоела исхраната. Месото би требало да биде користено како додаток во мали количества за подобрување на вкусот, а не како главно јадење.

2) Јадете разновиден зеленчук : јадете што поразличен зеленчук од оброк во оброк или во секој оброк. Брокулите се ефикасни анти-канцерогена храна, но уште поефикасни се во комбинација со сос од домати или бел лук, односно кромид. Додавањето на лукот и (или) кромидот во вашата исхрана или варење, воведете го како навика.

3) Јадете органска храна : изберете органска храна кога е тоа можно. Сепак, запомнете дека е подобро да се јаде брокули кои биле изложени на пестициди, отколку да не се јадат воопшто (ова правило се однесува на сето анти-канцероген зеленчук).

4) Зачинете ја храната : додадете куркума (турмерик) и бибер во варена храна и салата. Овој жолт зачин е најјакиот природен анти воспалителна состојка. Додадете кога ќе можете и медитеранска билка во храната : темјан, оригано, босилек, рузмарин, мента итн. Оваа билка освен што дава арома, помага во намалување на клетките на ракот.

5) Избегнувајте компир : компирот го подигнува нивото на шеќер во крвта кој ги поттикнува воспалителните процеси во телото и раст на ракот. Компирот често содржи и високи количества на пестициди.

6) Јадете риба : јадете риба 2-3 пати неделно. Сардините и локардите содржат многу помалку жива во своето тело отколку поголемите риби, како што е туната. Избегнувајте сабјарки и ајкули кои содржат големи концентрации на штетни состојки.

7) Запомнете дека сите јајца не настануваат еднакво : јадете само јајца кои се настанати доминантно од омега-3 состојки или избегнувајте ги жолчките. Кокошките често се хранети со пченка и соја, кои содржат 20 пати повеќе омега-6 масти кои предизвикуваат воспаленија, отколку омега-3 мастите.

8) Сменете го видот на масло за јадење : Користете масла кое не содржат многу омега-6 масти, како што е маслиновото масло, наместо сончогледово, пченкарно и соино масло.

9) Цели житарки : јадете житарки исклучиво цели и во мешавина. Производите од интегрално зрно на пченица, јачмен, ’рж, лен и останати нерафинирани житарки. По секоја цена избегнувајте бело брашно и производи од него (пецива, крофни, багети, бел леб и сл.). Кај варење на тестенини користете „al dante“ начин на што пократко варење, односно не ги преварувајте тестенините, бидејќи со тоа ја подигнувате глихемиската вредност на таа храна.

10) Намалете го вносот на шеќерот на минимум и избегнувајте користење на газирани пијалаци, овошни сокови и различни слатки и колачи. Заменет ги со свежо и разновидно овошје. Прочитајте го внимателно составот на производот и ако во првите три состојки се наоѓаат било какви видови на шеќер, гликозен сируп и слично, не ги користете. Доколку имате незапирлива желба за слатки користете пар коцкички темно чоколадо кое содржи 70 % или повеќе какао.

11) Насочете се кон зеленото : наместо кафе или овошни чаеви користете три шолји на зелен чај на ден. Редовното користење на зелен чај е поврзано со значајно намалување на ризикот од добивање на рак.

12) Направете исклучоци : важно е што консумирате секој ден, а не она што понекогаш ќе го јадете или испиете.

ОСТАНАТИ СОВЕТИ :

1) Бидете активни : најдете време за вежбање, одење, трчање, танц…Одредете си себеси најмалку 30 минутна активност, пет пати во неделата. Ова може да биде и најобично пешачење на работа или до продавница. Изберете активност во која уживате и поголема е шансата дека ќе издржите.

2) Прифатете ги сончевите зраци : Пробајте да бидете барем 20 минути изложени на сончеви зраци без заштита или стакла. Ова ќе ја зголеми вашето природно создавање на Д-витаминот. Во спротивно земајте Д3 како додаток во консултација со лекарот.

3) Ослободете се од хемикалии : проверете ја добро вашата облека ако ја давате на хемиско чистење. Не ги загревајте течностите или храната во пластични шишиња и садови. Избегнувајте козметика која содржи парабен или паталати. Не користете хемиски пестициди на домашните растенија или во градината. Фрлете го вашиот оштетен тефлонски сад. Не го чувајте мобилниот телефон во близина или покрај телото кога не го користите.

4) Контактирајте ги пријателите : Повикајте ги и дружете се со пријатели. Особено кога ви треба поддршка, кога сте под стрес, па дури и ако тоа е преку интернет. Прегрнувајте ги често саканите личности.

5) Сетете се да дишете : научете ги најновите техники на релаксација по пат на дишење и користете ги кога ќе бидете под стрес.

6) Дознајте како можете да и помогнете на вашата заедница и нејзините луѓе и направете го тоа. Поради тоа ќе се чувствувате добро.

7) Погрижете се да направите барем една од овие работи која ви се допаѓа само за себе кога ќе можете.