Сокот од цвекло штити од Алцхајмер & склероза

Конзумирањето на сокот од цвекло го зголемува протокот на крвта во мозокот и и се бори против деменција.

Пиењето на сок од цвекло го зголемува протокот на крв во мозокот кај постарите луѓе, се вели во новото истражување кое што сугерира дека црвено-црниот зеленчук може да помогне во борбата против деменцијата.

Цвеклото содржи голема концетрација на нитрати, кои што со помош на бактериите во устата се претвораат во нитрити. Нитритите помагаат во ширењето на крвните садови во телото, со што како резултат се зголемува протокот на крвта и кислород на оние места каде што тој недостасува.

Претходните студии покажаа дека нитритите кои што исто така во големи концентрации се наоѓаат во целерот, зелката и другите зелјести растенија како што е на пример спанаќот, ги прошируваат крвните садови, но истражувачите велат дека ова е прво истражување кое го докажува и зголемувањето на протокот на крвта во мозокот.

Исто така, со ова истражување се покажало дека кај постарите индивидуи, кознумирањето на сокот од цвекло го зголемува протокот на крв во белата маса на предниот череп каде што се наоѓаат областите од мозокот кои што многу често се асоцирани со дегенерација која што води кон деменција и други конгитивни проблеми.