Соја Лецитин – намалување на триглицеридите кај артеросклероза, спречување на стеснувањето на крвните садови и настанување на инфаркт и мозочен удар

За што се користи лецитинот?

Лецитинот се користи за намалување на триглицеридите кај артеросклероза, за спречување на стеснувањето на крвните садови и настанување на инфаркт и мозочен удар. Тој  исто така се користи кај замастен црн дроб, цироза, а  корисен  е и  кај  дебелината и злоупотребата на алкохол, бидејќи го стимулира метаболизмот на мастите и ја спречува нивната акумулација во црниот дроб. Бидејќи  храната што ја јадеме содржи премногу масти, лецитинот е одличен за полесно метаболизирање на мастите. Лецитинот го регулира варењето на храната, го намалува чувството на надуеност. Се користи за подобрување на спиењето, кај заборавот, го подобрува приемот на витамини кои се растворливи во масти, кај болки во зглобовите и мускулите. Тој  исто така се користи во губење на тежината, бидејќи тој го  подобрува метаболизмот на мастите. Се користи како дополнителен лек кај Алцхајмеровата болест, биполарно растројство, тардивна дискинезија (треперење) …

Како делува лецитинот?

Лецитинот  делува како емулгатор на мастите со што  го подобрува метаболизмот и го спречува таложењето на мастите по ѕидовите на крвните садови, црниот дроб, масното ткиво . Го стимулира центарот за меморија, , бидејќи  една од неговите компоненти, инозитол учествува во структурата на мозочните клетки. Дејствува за да се елиминираат или намалат болките во зглобовите, во овој случај, може да се користи во многу повисоки дози. Тој е неопходен за правилно функционирање на клеточните мембрани, кои мора да бидат пропустливи за хранливите материи, а во исто време отпорни на штетни материи. Ја подобрува апсорпцијата на витамини кои се растворливи во масти (витамин А, Д, Е). Една од состојките на лецитинот, холин, е составен дел на ацетилхолин, невротрансмитер (пренесувач на сигналите од нервните клетки), кој ги овозможува  менталните функции.