Додека сите околу тебе размислуваат за филери и козметика против брчки и стареење, ти се бориш со акни.
Иако имаш над 30 години, тоа не го спречува твоето лице да се однесува како да си 13 годишна девојка која дури допрва влегува во пубертет. Тие мали и големи акни, папули, пистули, белки, милиа, цисти не ти го уништуваат само лицето, туку и самодовербата.
Читаш статии, пробуваш креми, третмани, рутини со 500 чекори, па онакви само од два чекори. Фрлаш илјадници денари на секој нов производ што ќе ти се појави пред тебе, со надеж дека ова е тоа! Тоа е кремот/тоникот/гелот/лосионот/серумот што ќе ти ја спаси кожата!
И пак ништо.
Проблемот со акните честопати е внатрешен
Окупирајќи се да го решиш проблемот однадвор, не ти паднало на памет дека решението можеби лежи внатре во твојот организам.
Многу состојби на кожата, меѓу кои и акните, можат да бидат поврзани со нарушена функција на црниот дроб. На кој начин?!
Појавата на акни е често поврзана со работата на црниот дроб
Црниот дроб е вториот најголем орган за елиминација на штетните материи кои ги внесуваме. Воздухот што го дишеш, храната што ја јадеш, алкохолот, лековите – буквално сѐ што влегува во организмот се разложува, преработува и складира од страна на црниот дроб.
Додека хранливите материи ги испраќа преку крвотокот до сите ткива на организмот, токсините и останатите нуспојави од преработката, црниот дроб ги исфрла со помош на жолчната киселина, преку цревата, надвор од организмот.
Како црниот дроб е одговорен за твоите акни?
Замастениот, оштетен, преоптоварен, нарушен црн дроб, не може да си ја врши функцијата ефикасно. Токсините остануваат да се таложат во организмот. Како резултат на тоа, телото бара алтернативен начин како да ги исфрли надвор и тогаш на ред доаѓа најголемиот орган на човековото тело – кожата.
Сите тие штетни материи кои би требало да излезат преку системот за излачување, сега патуваат преку кожата, се заглавуваат во порите и предизвикуваат воспаленија.
Како резултат на тоа, имаш болкни акни и проблематично лице кое без разлика како и да го третираш однадвор, не се лекува.
Црниот дроб и хормоналните акни
Црниот дроб е клучен дел од регулацијата на хормоните. Кога одредени хормони, особено андрогените, ќе се задржат подолго време во телото, може да го зголемат излачувањето на себум. Ова предизвикува затнување на порите и воспаление.
Црниот дроб кој правилно функционира се грижи за балансирање на нивото на хормони во крвта и го исфрла вишокот надвор од организмот, правејќи ја кожата чиста.
Функционален црн дроб = чиста кожа на долг рок
Две илјади години наназад, луѓето ги користат природните состојки за прочистување на црниот дроб. Меѓу најефикасните се:
- Бел трн
- Корен од глуварче
- Артичока
- Шисандра
Бел трн (силимарин)
Белиот трн ги исфрла вишокот хормони од телото. Содржи флавоноид наречен силимарин, кој е еден од најприродните прочистувачи на црниот дроб. Силимаринот не дозволува токсините да се закачат за клетките на црниот дроб.
Црниот дроб е клучен дел од регулацијата на хормоните, а силимаринот му помага на црниот дроб побрзо да ја изврши детоксификацијата на организмот и да ги исфрли од телото вишокот хормони кои влијаат врз појавата на акните. Кога одредени хормони ќе се задржат подолго време во телото може да го зголемат излачувањето на себум. Ова може да предизвика затнување на порите и воспаление.
Корен од глуварче
Коренот од глуварче го поттикнува излачувањето на жолчна киселина во црниот дроб, течност со која лесно се исфрлаат токсините и вишокот хормони од телото.
Артичока
Артичоката содржи цинарин кој делува антиоксидативно. Спречува оксидативен стрес и се бори против слободните радикали, а тие се клучни во санирање на лузните предизвикани од акни.
Шисандра
Шисандрата е адаптоген, состојка која го прави телото отпорно на стресори. Има антиоксидативно својство и ја подобрува работата на црниот дроб и ги одржува нивоата на pH вредност во целиот организам.
Комбинацијата на сите овие состојки заедно, претставува вистински рај и оддишка за црниот дроб, но и за твоето лице склоно на акни. Ако му помогнеш на црниот дроб да ја врши функцијата подобро, ќе ја подобриш состојбата на твоето лице однатре и конечно ќе можеш да се исправиш и да уживаш во својата природна убавина и чиста кожа.
Dr. Viton – Liver Detox можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr. Viton – Liver Detox можеш да го нарачаш онлајн на https://alfalab.mk/proizvodi/liver-detox/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.