Се што ви е потребно е фломастер, гумичка за молив и леплива лента за набрзина да направите ситни модни преправки што не може да чекаат.
1) ДУПКА ВО ЧОРАПИТЕ
Проблем : На работа ќе забележите дека имате дупка на црните чорапи. Премногу е ладно за да одите без чорапи.
Решение : Едноставно, местото на ногата каде што е дупката обојте го со црн фломастер. Единственото што малку подоцна ќе ви биде непријатно да му објасните на вашиот партнер што сте правеле на нозете.
2) ОТШИЕН РАБ
Проблем : Острите високи потпетици го отшиле работ на панталоните, а имате голема презентација кај шефот за 15 минути.
Решение : Два збора – самолеплива лента. Од внатрешната страна на работ залепете го отшиеното место со леплива лента. Така ќе издржи се додека не се вратите дома.
3) ЗАГЛАВЕН ПАТЕНТ
Проблем : Брзате кон вратата од станот за да тргнете на работа, кога ви се расипува патентот од панталоните. Немате време да се пресоблечете.
Решение : Земете свеќа и со неа поминете ги „запците“ на патентот. Ако немате свеќа, може и со сапун да се послужите.
4) НЕИСПЕГЛАНА ОБЛЕКА
Проблем : Часовникот утрово не ви ѕвонел, затоа што сте заборавиле да го навиете. Немате време за пеглање.
Решение : Шприцнете вода од шишето со спреј по кошулата, а потоа вклучете го фенот за коса и исушете ја кошулата. Но, така не можете да ја исправите јаката од кошулата? За таа цел искористете ја пресата за коса.
5) СТЕ ИЗГУБИЛЕ НАВРТКА ОД ОБЕТКАТА
Проблем : Сте изгубиле навртка од обетката, но, за чудо не и обетката. Но, не сакале деловните партнери да ве гледаат со само една обетка, а не би сте сакале ни да бидете без обетки.
Решение : Откинете малку парче од гумичка за бришење и во неа вденете игла од обетка.
6) НОВИ ЧЕВЛИ КОИ СЕ ЛИЗГААТ
Проблем : Неодамна купивте еден пар совршени чевли со високи потпетици, но од самиот почеток од нив добивате плускавци на нозете.
Решение : За да не ви се лизга вашата нога во новите чевли, употребете дезодоранс на местата каде обично ви се појавуваат пликови. Или вашата омилена алатка : самолеплива лента. Овој трик го користат и спортистите.