Бананите содржат три важни природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза, комбинирани со растителни влакна.
Бананите претставуваат природна енергетска бомба, а само две изедени банани даваат доволно енергија за 90 минутно вежбање.
Бананата содржи триптофан, вид на протеин кој во телото се конвертира во серотонин, кој го подобрува расположените и е одговорен за среќата.
Бананата содржи витамин Б6 кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што може да ги подобри симптомите на пременструалниот синдром.
Богати со железо, бананите може да ја стимулираат продукцијата на хемоглобин во крвта и да помогнат кај анемиите.
Ова тропско овошје е богато со калиум, а сиромашно со сол, што го прави идеално за високиот крвен притисок.
Студентите кои јадат банани за доручек и попладневна ужина имаат подобри резултати на испитите.
Поради богатството со диететски влакна, бананата во исхраната може да ја врати нормалната дебело-цревна функција и да помогне при констипација.
Еден од најдобрите лекови за мамурлак е милкшејк од банана, засладен со мед.
Антацидното дејство на бананата помага при рефлукс на желудечни киселини.
Доколку се трие внатрешноста од лушпата на бананата на местото кое е каснато од комарец, успешно се намалкува отокот и иритацијата.
Бананите се идеална храна за оние кои сакаат да се откажат од пушење на цигари поради содржината на витамини Б6 и Б12, кои го релаксираат мозокот и ги намалуваат симптомите од апстиненцијалната криза.
Се смета дека лушпата од банана може да ги лекува вирусните брадавици.